Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1945395 пати)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15705 на: 19 Јуни 2015, 19:51:35 pm »
Сакал да кажи измеѓу 90 и 110 литри ;D
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20133
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15706 на: 19 Јуни 2015, 20:07:03 pm »
 ;D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15707 на: 19 Јуни 2015, 20:15:53 pm »
Да земиме пример 100 коњи бензинец и 100 коњи дизел.. 15 години стари.. По секако тука дизелот е побрз, посилен, поиздржлив и поекономичен..

Бензинецот не троши испод 10.. што значи 100км со 700 денари..
Дизелот над 7л не оди.. што значи 100км со 390 денари..

Скоро дупло..

маааа немоооој...  и турбаш да е и атмо да е, дизелот од тоа време е бајаги по тромав од бензинецот... по силен може да биде само за влечење на товар, поиздржлив е многу релативна работа а поекономичен, само ако бензинецот нема плин, во спротивно и тука ти е грешка...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15708 на: 19 Јуни 2015, 20:25:51 pm »
Да земиме пример 100 коњи бензинец и 100 коњи дизел.. 15 години стари.. По секако тука дизелот е побрз, посилен, поиздржлив и поекономичен..

Бензинецот не троши испод 10.. што значи 100км со 700 денари..
Дизелот над 7л не оди.. што значи 100км со 390 денари..

Скоро дупло..

Смешки ти е муабетов друже.

Тебе само потрошувачката ти се врти у глава... Сигурно прва работа што ја прашуваш за нечија кола е колку троши, така ? ;D

Без увреда друже ама ти скутер не знаеш како правилно да го возиш, а тука ќе кажуваш дизел вс бензин, потрошувачки, па уште темата да се прекрстела во дизелашишта вс плинчиња... Мислам нема смисла. :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15709 на: 19 Јуни 2015, 22:54:33 pm »
Па за потрошувачка и за брзина почна да се прави муабет на темава...Скутер возам веќе 6 години..

па дај темава да се измени во дизелашишта вс плинчиња.. пошто не вреди више да се споредува бензин со дизел...
дупло повеќе потрошувачка и помалку брзина и снага...да не правиме муабет дека дизелаш (посебно тие тракторчињата што работат и на прегорено масло) поминува многу многу повеќе км од него ли бензинците (посебно на плин :) )

Ти прво да си купиш кола со твои заработени пари, после да коментираш.
Од кај знаеш дека не е земена со мои заработени пари ? Можеби украдена ми е ?  ..
Никаде на форумов не прочитав правило, да имаш кола купена со свои пари за да си член и да можеш да коментираш..

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15710 на: 19 Јуни 2015, 23:00:28 pm »

Еве табела колку вртежи испорачува бензинот и дизелот во секој од преносните преноси на менувачот на излезот од менувачот на погонската осовина.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Во секојдневието мое ќе менувам највеќе на 4500врт. , што да купам совает од тебе? Што боље тегне до тие вртежи?
Го прашав и Васил, не ми одговори, а стварно ме интересира бидејќи не сум возел TSI.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15711 на: 19 Јуни 2015, 23:13:08 pm »
Зошто се ограничуваш на 4500 вртежи? Пробај смени некад брзина на 6к :)
Во секојдневието некогаш имаш потреба да смениш на макс рев. Без разлика дали е дизел или бензинец, најчесто кога сакаш макс перф. мењаш на макс рев. Кај едните е 4500, на другите е 6000-6500. Се` измеѓу е неискористување на максималниот потенцијал на моторот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15712 на: 19 Јуни 2015, 23:22:33 pm »
Но зошто дизел да го шифташ на 4500? Нели он исто влече на 4500 и на 1500?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15713 на: 19 Јуни 2015, 23:54:40 pm »
Абе мањам ја на 7000 кога ке го земам сузукито свифт на дедо ми, и стварно меракот е голем, ама цело време се осеќам ко сељак кога го правам тоа (дивеам, стварам бука) и народ се врти да види што се десило. Е сега незнам турбо бензинциве какви се, вајда се потивки при остварување на максималните перформанси...затоа сакам да споделите искуства ;D

Абе миле ете така се погодило, шифтај го на кои вртежи сакаш, до 4500 нема да е мртов(мада и тоа зависи од моторот, за мојов си зборам). А за исто, не влече исто...на примен на 3500 врт. бар кај мене многу подобро влече него на 1500 (и на графиците од моторот се гледа тоа), како што и бензинците влечат најдобро кога имаат максимален торк и моќност.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15714 на: 19 Јуни 2015, 23:56:00 pm »
миле.. немој пак, жити се... дај нешто конструктивно да прочитаме... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15715 на: 20 Јуни 2015, 00:02:14 am »
Моментот е интересен: стискаш бензинец на 7000 и се осеќаш како сељак, стварало бука.
А дизел кога стискаш на 3000+ и ствараш димна завеса позади не си сељак, тогаш си господин ;D

Филип-90 и Онак, тоа е тоа другарчиња, она што мојот драг колега Гојдо неколку пати го изјави тука, 500 коња и 300нм е за 60% подобар избор од 300 коња и 500нм.
Моќноста е тоа што ги прави перформансите а не торкот. Само кој да слуша. Да не беше така ќе имаше исто забрзување при 1500 и при 3500 вртежи во минута.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15716 на: 20 Јуни 2015, 00:45:07 am »
Во секојдневието мое ќе менувам највеќе на 4500врт. , што да купам совает од тебе? Што боље тегне до тие вртежи?
Го прашав и Васил, не ми одговори, а стварно ме интересира бидејќи не сум возел TSI.

Купи си фелиција ко мене, таа на 5500 и почнува црвена зона. :P :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3262
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15717 на: 20 Јуни 2015, 03:21:03 am »
Цитат
Во секојдневието мое ќе менувам највеќе на 4500врт. , што да купам совает од тебе? Што боље тегне до тие вртежи?
Го прашав и Васил, не ми одговори, а стварно ме интересира бидејќи не сум возел TSI.

Добро е, почнавме да развиваме рационална и издржана дискусија.

за да ти одговорам на прашањето ја направив следната анализа:

1. Ги пресметав вртежите на излез од менувач за двата мотори во опсегот од 1000 до 4500 вртежи
2. Со зелено ги изначив оне полиња каде што моторите имаат максимален Torque односно вртежен момент. Бензинецот има од 1500 до 3500, дизелот има од 1750 до 3000 вртежи.
3. Со портокалова боја ги означив оние бројки кои ги врти моторот при промена од еден степен во друг, за полесен преглед на вториот график ги избришав вредностите кои што не ни требаат за да не бунат.
4. Со сина боја ги означив оние бројки каде што дизелот има максимална моќност од 150 коњски сили, односно во опсегот од 3500 до 4000 вртежи. Бензинецот во опсегот до 4500 вртежи не испорачува максимална моќност.

Двете возила се исти како во претходниот пост Golf VII 1.4TSI и 2.0TDI.



Почнуваме. Двете возила се паркирани едно до друго, палиме моторите ставаме во прва и тргнуваме со папучата до долу и шалтаме во повисок степен на пренос штом обртометарот покаже 4500 вртежи.

Прв степен на пренос

Бензинец:
До 1400 вртежи се исти со дизелот. Потоа бензинецот влегува во подрачје на максимален Torque и почнува побрзо да ги врти вртежите од 1500 до 3500. Тоа значи дека стрелката на обртометарот ќе почне побрзо да се движи во споредба со стрелката кај дизелот, (Турбото повлекува на 1500 вртежи).

Дизел:
До 1400 вртежи е ист со бензинецот. Потоа бензинецот бега понапред бидејќи го добива Torque-от од турбото порано. На 1750 вртежи дизелот го добива Torque-от од турбото, и стрелката на обртометарот се движи побргу од претходно се до 3000 вртежи. На 3500 вртежи дизелот ги добива максималните 150 коњски сили и до 4000 влече како луд. Во истиот период бензинецот веќе потегнал здраво, и совладал повеќе вртежи на обртометарот и е поблиску до 4500 вртежи за да смени во втора брзина.

Исход - прва брзина: Бензинецот побрзо ќе дојде до 4500 вртежи за да смени во втора брзина споредено со дизелот. На пример кога бензинецот ќе смени во втора брзина на 4500 вртежи дизелот ќе врти со 4100 вртежи и ќе треба да совлада уште 400 вртежи за да може дизелот да смени во втора. Тоа значи дека бензинецот ќе дава 1190 вртежи на погонската осовина при 4500 вртежи, а во исто време дизелот ќе врти на 4100 вртежи и ќе дава 1088 вртежи на погонската осовина.
1.4TSI    2.0TDI
Втор степен на пренос

Бензинец:
Моторот продолжува да влече од 2522 вртежи (во зона на висок Torque) и влече до 3500 вртежи, кога Torque-от се губи (турбото завршило со работа) и влече потромаво од 3500 до 4500 вртежи.

Дизел:
Моторот продолжува да влече од 2340 вртежи (во зона на висок Torque) и лесно влече до 3000 вртежи, кога Torque-от се губи и вртежите од 3000 до 3500 ги совладува потромаво. На 3500 до 4000 добива максимум од 150-те коњски сили и повлекува повторно силно. Од 4000 до 4500 пак станува тромав.

Исход - втора брзина: Бензинецот повторно побрзо ќе дојде до 4500 вртежи за да смени во трета брзина. Причината е во тоа што бензинецот има поголемо подрачје на Torque во овој пренос споредено со дизелот. Соодветно на тоа ќе му избега дополнително на дизелот за уште некое растојание. Разликата ќе се јави затоа што кога бензинецот ќе врти на 4500 вртежи, дизелот ќе врти отприлика на 3800-3900 вртежи. Поточно кога бензинецот ќе постигне 4500 за да префрлиме во трет степен на пренос, погонската осовина ќе врти со 2123 вртежи, додека дизелот на погонската осовина со 3900 вртежи ќе испорачува 1939 вртежи. Со други зборови бензинецот веќе видливо ќе бега пред дизелот.
1.4TSI         2.0TDI
Трет степен на пренос

Бензинец:
Моторот продолжува да влече од 2887 вртежи до 3500 во зона на Torque, потоа до 4500 влече малку потромаво.

Дизел:
Моторот продолжува да влече од 2892 вртежи и до 3000 влече во зона на Torque. Од 3000 до 3500 станува тромав, на 3500 ги достигнува 150-те коња и почнува да влече до 4000. Потоа од 4000 до 4500 влече врти потромаво.

Исход - трета брзина: Бензинецот во зона на висок Torque врти додека не совлада 663 вртежи и да стигне до 3500 кога Torque-от го нема, за разлика од Дизелот кој совладува само 108 вртежи во зона на висок Torque. Исто како и претходно бензинецот побргу стига до 4500 вртежи, побрзо уфрламе во четврта кај него. Соодветно на тоа дизелот веќе доцни и во моментот кога ќе достигне 4500 вртежи за да смениве во четврта брзина, бензинецот веќе си тера во четврта.
1.4TSI             2.0TDI
Четврт степен на пренос:

Бензин:
Моторот продолжува да врти со 3408 вртежи, до 3500 врти лесно бидејќи турбото сеуште помага и испорачува солиден Torque. Потоа станува тромав додека не сврти 4500.

Дизел:
Моторот продолжува да врти со 3106 вртежи и е комплетно надвор од подрачјето на Torque-от. На 3500 вртежи ја добива максималната моќност од 150 коња и повлекува солидно. Во овој случај, дизелот е во поголемо подрачје со максимална моќност за разлика на подрачјето на Torque  на бензинецот и тука може да ги врати сите изгубени метри од претходно кои ги доби бензинецот.

Исход  - четврта брзина. Бензинецот губи снага, дизелот се засилува и ја анулира предноста што бензинецот ја направил претходно.
1.4TSI    2.0TDI
Пети степен на пренос:

Бензин:
Моторот е комплетно надвор од подрачјето на Torque, почнува да врти со 3757 вртежи и завршува на 4500.

Дизел:
Оваа брзина е тотална глупост кај овој мотор и менувач, речиси е идентична со четврта. Моторот почнува да врти со 4448 вртежи и веќе на 4500 менуваме во шестиот пренос. Кога јас би возел би уфрлил директно во шестиот степен на пренос. Оваа брзина би ја прескокнал.

Исход - петта брзина: Мртва трка би рекол, додека бензинецот се обидува да стигне до 4500, дизелот без потреба врти во овој степен, реално не добива ништо. Тука дизелот ќе смени побргу во шестиот степен на пренос за разлика од бензинецот.
1.4TSI 2.0TDI
Шести степен на пренос:

Бензин:
Веќе доцни во споредба со дизелот во однос на шалтање на степенот на пренос, надвор е од подрачјето на Torque, тромаво ќе стигне од 3820 до 4500 вртежи.

Дизел:
Дизелот продолжува да врти со 3767 вртежи и до 4000 вртежи влече солидно затоа што е во подрачје на максимална моќност. Потоа повторно станува тромав до 4500.

Исход - шеста брзина: Дизелот ќе избега пред бензинецот и ќе крене поголема брзина порано од бензинецот.

          1.4TSI 2.0TDI
Заклучок:

Во подрачјето до 4500 вртежи, бензинецот е подобар во 1,2,3 брзина (степен на пренос), во четвртиот степен на пренос се рамноправни, и дизелот покажува заби во 5 и 6 брзина (степен на пренос).
МНОГУ БИТНО да се напомене дека во оваа споредба бензинецот во ниту еден степен на пренос не ја добива максималната моќност бидејќи таа ја добива од 5000 до 6000 вртежи. Тоа го става бензинецот во по нерамноправна положба во однос на дизелот во оваа споредба. Но и покрај тоа дизелот неможе да го совлада бензинецот во 1,2 и 3 брзина, кои се најчесто користени во градски услови. На отворен пат до 4500 вртежи дизелот ќе доминира бидејќи е подобар во 5 и 6 степен на пренос.

Според тоа бензинецот ќе биде морален победник во споредбата, но дизелот ќе биде крајниот победник.

На крај морам да напоменам дека оваа споредба ја правиме во подрачје до 4500 вртежи кое е речиси 500 вртежи помало од максималниото работно подрачје на дизелот кое е некаде до 5000 вртежи. Што значи дизелот го дава својот максимум. Во исто време бензинецот не е искористен целосно затоа што има резерва од 2000 вртежи од работното подрачје на моторот (до максимални 6500) кои се неискористени и каде што бензинецот сериозно ќе го исплеска дизелот.

Во режим на нормална експлоатација и менување на брзините без да се ограничуваат моторите на 4500 вртежи, дизелот ќе изгуби.



Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15718 на: 20 Јуни 2015, 03:36:37 am »
^^
Темава и официјално може да се затвори после овој пост.

Присутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3898
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15719 на: 20 Јуни 2015, 07:34:52 am »
Но ако оспегот на вртежи го гледаш нормализирано и наместо апсолутно да кажеме дека спорeдбите ќе ги правиме во процент од максималниот број на вртежи, во тој случај перспективата е друга. Така да ако за некого е неприфатлива споредбата на дизели и бензини според параметар на волумен на мотор, исто така е неприфалтива и споредбата на двете технологии ако вртжите ги изедначиме во однос 1:1 а не по искористување на капацитетот.

Во тој случај имаме:
Diesel       0   500           1000         1500        2000         2500         3000          3500        4000          4500
Benzina     0   722           1444         2167        2889         3611         4333         5055         5778          6500
%             0   11.11%     22.22%     33.33%    44.44%     55.56%     66.67%    77.78%     88.89%      100.00%

Ако ги погледнете (ем разберете) графиците на Vlatko, јасно е дека за тие два мотори дизелот нема предност во ниските вртежи кои некој ги употребуваат во нивните реални сценарија на употреба на возилото. Ако ги терате моторите во секојдневието во 50% од нивниот капацитет тоа за овој дизел ќе биде менување на брзина докај 2400 вртежи а за бензинецот докај 3500 вртежи.

Ако вака ги гледаме бројките и ако речеме дека бензинецот го достигнувам касималниот обртен момент на 1400 односно 22% од опсегот на вртежи, а дизелот на 1700 односно 37% од својот опсег на вртежи.
« Последно менување: 20 Јуни 2015, 08:11:45 am bramovsk »