Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1945393 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15675 на: 19 Јуни 2015, 12:02:20 pm »
Ако веќе е работата за „дозволување каков сакам“ ми спотребало турбото... дај кубиците наваму.

Атмосферски без лаг, без лимити.


И тоа на плин.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3262
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15676 на: 19 Јуни 2015, 16:07:27 pm »
Ги следам дискусиите во темава и морам да се вклучам заради тоа што мислам дека работите треба да ги споредите од една поинаква перспектива која мислам дека е далеку порационална од тоа што досега е искажано од сите.

За да ги објаснам моите ставови ќе го користам Голф 7 во 1,4 ТСИ и 2,0 ТДИ изведба. Претходно @marjanot веќе ги имаше употребено во една споредба, па да ги искористиме и тука. За да имаме полесно разбирање двата модели на Голф ќе ги именувам како “дизелот” и “бензинот"

На сликите е прикажано тоа што никој од нас несака или не го гледа, односно енергетската ефикасност или искористеност на двата мотори споредена со параметри како: тежина на возилото, потрошувачка и сл.

Дизелот тежи 1522кг, бензинецот тежи 1376кг. Бензинецот победува има помала инертна маса што треба моторот да ја задвижува.

Дизелот дава 163НМ по кубен литар на моторот, бензинецот дава 179НМ. Бензинецот победува, затоа што има подобра енергетска искористливост од зафатнинтата на моторот.

Дизелот има 10,1 кило тежина по коњска сила, бензинецот има 9,2 кила по коњска сила. Бензинецот победува затоа што една коњска сила на моторот влече помалку тежина споредено со дизелот.

Дизелот има 210НМ по тон влечна снага, бензинецот има 182 НМ влечна снага по тон. (Бројките се добиени со делење на Torque со Weight (EU). Дизелот победува затоа што има повеќе Њутн Метри по тон. НО оваа математика важи само до осовината пред влез во менувач, затоа што овој Torque е испеглан, сменет со помош на менувачот.



Бензинецот може да сврти максимално до 6500 вртежи, дизелот до 5000 вртежи, пред да смениш во следен степен на пренос.

Еве табела колку вртежи испорачува бензинот и дизелот во секој од преносните преноси на менувачот на излезот од менувачот на погонската осовина.



На кратко само ќе објаснам, кога во прва брзина ќе ги свртиме двата мотири до крајниот број на вртежи (6500 бензин, 5000 дизел), преминуваме во втор степен на пренос, односно бензинецот ќе продолжи да работи во втора бризина со са.3700 вртежи, дизелот со са.2650. Тоа е така затоа што погонската осовина (тркалата) веќе вртат со 1720 вртежи, и кога ќе префрлиме во втора брзина моторот продолжува да врти со 3700 вртежи затоа што во тој момент тркалата вртат со 1720 вртежи. Поточно излезната осовина веќе го залетала моторот до 3700 вртежи бидејќи во втора брзина излезнта осовина врти со 1720 вртежи кога моторот врти на 3700 заради различниот преносен однос на првата и втората брзина.

Според тоа што можеме да го заклучиме од табелата, бензинецот далеку подобро ги искористува вртежите на моторот од дизелот, односно во секој степен на пренос дава повеќе вртежи на погонската, излезна осовина споредено со дизелот.



Што значи ова во секојдневна употреба на двете возила?

Ситуација 1. Старт од место со и шалтање во наредна брзина од 1 до 6 степен на пренос на 3000 вртежи за секој преносен однос. Намерно одбрав 3000 вртежи зашто во тој опсег двата мотори тегнат со максималниот Torque или испорачуваат најмногу Њутн Метри.

Во сите ситуации на дизелот тегне, пред бензинецот.


Ситуација 2. Старт од место и шалтање во наредна брзина од 1 до 6 степен на пренос при максимален број на вртежи. Бензин 6500, дизел 5000 вртежи. И двата мотори ги “цедиме” до даска, односно правиме Drag Race.

Во сите ситуации во споредбата, бензинецот го шамара дизелот без проблем.




Ајде да ги уфрлиме толку посакуваните Њутн Метри во игра.

1. Возилото со Дизелот тежи 1522кг, бензинецот тежи 1376кг. Од старт дизелот е губитник затоа што има поголема тежина од 146кг на погонската оска заради потешкиот мотор, соодветно на тоа поголеми отпори на триење и оптоварувања на погонската осовина. Тоа значи дека и покрај поголемиот број на Њутн Метри, на моторот ќе му треба повеќе време да ги совлада тие оптоварувања за да го задвижи возилото. Со прост речник кажано дизелот побавно ќе врти од 0 до 5000 вртежи затоа што моторот треба да совлада поголеми отпори. Во исто време бензинецот ќе сврти до 5000 вртежи побргу, соодветно на тоа побрзо ќе ги менува брзините и побрзо ќе стигне до било која брзина.

2. Дизелот има 10,1 кило тежина по коњска сила, бензинецот има 9,2 кила по коњска сила. Бензинецот победува затоа што една коњска сила на моторот влече помалку тежина споредено со дизелот.


Заклучок:
1. Кај две возила при споредба на перформанси, битни се: Преносните односи на менувачот, и специфичната тежина што една коњска сила треба да ја повлече. 

Возилото што има помала тежина во сооднос со њутн метрите е подобро, побрзо. Во случајот што го анализирав, тоа е бензинецот.


Aко некој сака да дискутраме на темава на долго и на широко и да збориме аргументирано, со примена на наука, и практични тестови нека каже јас сум расположен за дискусија. Може да седнеме некаде на пиво, пивото јас ќе го платам.

До тогаш останете ми поздравени и сакајте си ги колите што ги имате, затоа што вашето возило е секогаш најубаво и најбрзо.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15677 на: 19 Јуни 2015, 16:40:21 pm »
А што со споредба пример 80 коњи бензинец (на плин) со 80 коњи дизел ?

Еве клиото е 65 коњи, донеси бензинец ете нека е и 75 коњи да ја видиме разликата..

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15678 на: 19 Јуни 2015, 17:02:50 pm »
Повторно споредбата се сведува на тоа погоре, анализите можеш да ги направиш сам и да споредиш :)


PS. Ова треба да биде PINNED POST
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10975
  • 430i
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15679 на: 19 Јуни 2015, 17:04:50 pm »
А што со споредба пример 80 коњи бензинец (на плин) со 80 коњи дизел ?

Еве клиото е 65 коњи, донеси бензинец ете нека е и 75 коњи да ја видиме разликата..


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15680 на: 19 Јуни 2015, 17:06:35 pm »
И златкоа кој сметаш дека е подобар мотор за ти да го ставиш во својот домашен Голф?

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15681 на: 19 Јуни 2015, 17:09:59 pm »
А што со споредба пример 80 коњи бензинец (на плин) со 80 коњи дизел ?

Еве клиото е 65 коњи, донеси бензинец ете нека е и 75 коњи да ја видиме разликата..

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

и коа немаш одговор ставаш ваква слика :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3262
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15682 на: 19 Јуни 2015, 17:14:46 pm »
И златкоа кој сметаш дека е подобар мотор за ти да го ставиш во својот домашен Голф?


1.4 TSI во комбинација со DSG менувач.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15683 на: 19 Јуни 2015, 17:17:29 pm »
Јака ти плата, и препродажна вредност. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15684 на: 19 Јуни 2015, 17:27:55 pm »
Сега ми е појасно зашто запна за тие СТО обртаи. :) :) :)
:) :) :) :) :) :) :) :)

Онак легендо, жив пример за тоа како уништуваш тема и делиш луѓе помеѓу вистински возачи и тие што возат дизел зошто бил трактор. Да напише дете ова разбирам ама ти?

Никој не треба да убедува дека бензинец или дизел е супериорен. Самата ваква поделба е погрешна а резултатите еве ги 1000 и кусур страни од дискусии кои што се без никаква цел освен кој на кого му е поголем. Никаква корист од оваа тема.

така е друже... целосно се сложувам со тебе... 1000+ страни дискусија без никаква цел и заклучок... 1000+ страни ломотење и (како што е ептен приметливо) бранење на свои ставови и лични избори, без оглед колку графикони, споредби, табели, и цитати од разни сајтови се постирани... затоа и го напишав тој пост, во првец на мајтапење, пошто само уште тоа не беше спомнато во оваа тема...

прво и основно за 1000+ страни неможе да се донесе заклучок кое е мерилото според кое ке се одлучи дали е дизел или бензин подобар. дали е тоа торкот, дали се коњите, дали е кубукажата, дали е потрошњата, дали е Nm, дали е  Nm по килограм тежина на возило, дали е коњи (киловати) по кило тежина влечење, дали е крајна брзина, дали е среда брзина, дали е “вообичаен режим на возење“... ова последново е толку индивидуално а гледам некои “фаци“ цело време на тоа се држат...

заклучок:
секој со своето убедување, а фактите можат да бидт извртени и да се извртуваат постојано. премногу голема палета на избор од агрегати и брендови на возила има, да стварно и реално неможе да се даде заклучок што е што и кој е кој а уште помалку кој е врв. технологијата се мења цело време.

според мене, треба да се воведе некој начин на бодување за секој параметар, па на крај да се сумраат бодовите и да е даде заклучок... ама под секој таков заклучок треба да се стават и бодови на лично убедување, кои ке изнесуваат 50% од можните добиени бодови, и пак ке се сведе на личен избор.. така да тоа е тоа... на темава гледам само како место за прибирање податоци кои може да ми затребаат понекад за нешто друго, а не за мерење патлак кој направил подобар избор...

во едно се радувам.. што конечно почнаа да се мерат вистински параметри па на некој начин и вистинска “борба“ се ствара.. наспроти тоа што на почетоков од темава на кантар се тураше атмо бензин со турбо дзел... инаку одамна се откажав од докажување на темава... НЕМА ПОЕНТА...

од моја гледна точка, бензинецот конвертиран на плин во сите аспекти е подобар од истиот дизел. и во потрошња, и во одржавање, и во пројдени километри, па и во набавна цена. и ниеден графикон, табела, цитат, линк или што и да биде постирано во темава нема да го смени моето мислење, поготово што сум сменил бајаги мои возила, меѓу кои имало и дизели ама поише бензинци. тоа е мое лично убедување, воља, љубов и одлука... и како што гледам на темава само тоа и се практикува и брани... својот став... а инаку, мислам и дека сум во право... дизелоглавите нека возат дизели... нека препорачуват дизели, за да се троши нафтата поише, бензинот и плинот ке станува поевтин... само напрд ;D

п.с. зашто го цитираше куоре а мене ми одговори?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20133
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15685 на: 19 Јуни 2015, 18:19:19 pm »
Цитат
Заклучок:
1. Кај две возила при споредба на перформанси, битни се: Преносните односи на менувачот, и специфичната тежина што една коњска сила треба да ја повлече.

Возилото што има помала тежина во сооднос со њутн метрите е подобро, побрзо. Во случајот што го анализирав, тоа е бензинецот.

Освен што кај две исти возила, со приближно иста тежина, според тоа што извозеа симо и куоре бензинецот со помалце НМ бил побрз.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15686 на: 19 Јуни 2015, 18:26:09 pm »
Да земиме пример 100 коњи бензинец и 100 коњи дизел.. 15 години стари.. По секако тука дизелот е побрз, посилен, поиздржлив и поекономичен..

Бензинецот не троши испод 10.. што значи 100км со 700 денари..
Дизелот над 7л не оди.. што значи 100км со 390 денари..

Скоро дупло..
« Последно менување: 19 Јуни 2015, 18:32:52 pm Бузуки »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15687 на: 19 Јуни 2015, 18:28:48 pm »
Па да де, тоа е разјаснето веке досега. Мада бензинецот ке му се стави плин и ке троши 300 денари плин за 100 км.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3262
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15688 на: 19 Јуни 2015, 18:29:49 pm »

Цитат
Заклучок:
1. Кај две возила при споредба на перформанси, битни се: Преносните односи на менувачот, и специфичната тежина што една коњска сила треба да ја повлече.

Возилото што има помала тежина во сооднос со њутн метрите е подобро, побрзо. Во случајот што го анализирав, тоа е бензинецот.

Освен што кај две исти возила, со приближно иста тежина, според тоа што извозеа симо и куоре бензинецот со помалце НМ бил побрз.

Во ред е тоа. Дали двете возила имаа исти преносни односи на менувачите?

Тука ја направил разликата и бил побрз. Имал подобра распределба на преносите во менувачот во споредба со другиот.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15689 на: 19 Јуни 2015, 18:34:13 pm »
Па да де, тоа е разјаснето веке досега. Мада бензинецот ке му се стави плин и ке троши 300 денари плин за 100 км.
Е да бе, само со плин се ваѓате..