Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1945425 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15585 на: 16 Јуни 2015, 14:59:44 pm »
..ама дали може на бензин да ја пукам 200+ на автопат, а да ми троши 7?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15586 на: 16 Јуни 2015, 15:05:30 pm »
..ама дали може на бензин да ја пукам 200+ на автопат, а да ми троши 7?
9.6 може?

П.С:
Најголем проблем кај бензинците е што боцата одзима од гепекот.
« Последно менување: 16 Јуни 2015, 15:22:10 pm Deni »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6635
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15587 на: 16 Јуни 2015, 15:32:37 pm »
..ама дали може на бензин да ја пукам 200+ на автопат, а да ми троши 7?

Може вака приближно ?
Специјално за Миле (после 3 саати по германски автопатишта):

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15588 на: 16 Јуни 2015, 15:40:39 pm »
Мерцедесот од клипот со 9.6 потрошња има просечна од 155км/ч за 105 километри така да тоа со бензинец и таа потрошња тешко дека може.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15589 на: 16 Јуни 2015, 15:41:22 pm »
1. Дени, боцата не одзима ништо ако е монтирана на место на резервна гума под гепек.

2. И кај Мерцедесот на Дени и кај Симо не гледам доказ дека се работи за моментална потрошувачка.
9.6 за (просечни) 150 км/ч кај 220 ка дизел и не е така малку...шо знам..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15590 на: 16 Јуни 2015, 16:10:45 pm »
1. Дени, боцата не одзима ништо ако е монтирана на место на резервна гума под гепек.

Без резервна гума на пат не се трга. Евентуално до работа, самопослуга итн...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15591 на: 16 Јуни 2015, 16:19:32 pm »
доста тупите

Еее Филип, Фило ти го исплеска чмарот со еден пост. До кога така со превез на очите ќе рушиш глава со ѕиТ?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15592 на: 16 Јуни 2015, 16:22:46 pm »
Еее Филип, Фило ти го исплеска чмарот со еден пост. До кога така со превез на очите ќе рушиш глава со ѕиТ?

a?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15593 на: 16 Јуни 2015, 16:29:05 pm »
Па како мислиш ти да стигнеш до посакуваната брзина на движење што е можно побрзо (твојот услов за штедење гориво), ако не го правиш ова?

Не знам како го убаци штедењето на гориво во „равенкава“, но - ај - кога више спомна: Мојот услов не е што побрзо пристигнување до посакуваната брзина на движење сама по себе, како км/ч, туку што е можно побрзо стигнување до највисокиот можен степен на пренос. Koга велам „брзина“ мислам на прва-втора-трета, на таква брзина, не на км/ч. На пример, викаш „еве тука ќе возам у четврта“ и гледаш за што пократко време да стигнеш до минималната брзина потребна за четврта. И, да, ќе има цедење. Ама - не - тоа не е нормално возење. Нормално возење е кога шалташ веднаш чим го достигнеш минимумот за шалтање во следната брзина, како што онаа анкетана убаво покажа.
Го убацив затоа што според твоите сознанија за најштедливо возење, треба што побрзо да стигнеш до посакуваната брзина на движење (барем јас така го сконтав тоа, ќе побарам после дома кај што објаснуваш). За најбрзо стигнување во најголемиот можен степен на пренос е лесно. Прва исцепи ја до лимитер, па убаци у крајна.
Цитат
Мило ми е што се согласивме за моментот. Тебе ти е ќејф да имаш поголема снага на ниски вртежи, мене ми е ќејф да имам поголема снага на високи вртежи. Како тоа го прави дизелот супериорен во однос на бензинецот?

Прво, обрни внимание дека никаде не сум рекол дека „дизелот е супериорен во однос на бензинецот“ освен во твоите straw man редукционистички фантазии.

Хммм. Да ги прашаме форумашиве едно прашање „Што мислите, дали ФилипВ мисли дека дизелашите се супериорни во однос на бензинците?“ Што мислиш, каков ќе биде исходот на одговорите? Тоа, онака спортски пошто алудираш дека сум со „строу мен“ ставови.. Нема везе, ќе побарам после од дома лежерно после ручек неколку твои напишани постови, па ќе видиме што ќе биде
твојот одговор тогаш.

Цитат
Второ, и покрај тоа што ќејфовите ни се различни, на крајот на нормалниот сообраќаен ден и јас и ти поголемиот дел од времето ќе поминеме во долната половина на вртежите. Ти под папучата на гас ќе имаш многу повеќе коњи во оние ретки моменти на изблици на снага, а јас ќе имам малку повеќе коњи сето останато време. Во мојот автомобилски светоглед тоа е предност на дизелот - поише коњи во поголемиот дел од времето.

Треба малку светогледот да си го прошириш со нови сознанија и помалку пристрасни заклучоци. Затоа што коњите што ти се „под папучата за гас“ уствари е снагата која можеш да ја пренеш на тркалата. А тоа зависи најмногу од она што менувачот го прави во одредена брзина.

Цитат
Ако возам во 4-та 60, возам и со бензинецот и со дизелот во 4-та 60 на саат, ако возам 80 со 6-та, возам и со бензинецот и со дизелот.

Токму така. И во тие сценарија дизелот подобро влече споредливиот бензинец.

Е сега ќе те вратам пак на споредбата меѓу 1.4 Мултиер и 2.0јтдм. Погледни убаво. она што тебе веројатно те мрзи да го перципираш е дека нема битна разлика. Тоа го покажуваат меѓузбрзувањата, како и бест ефорт забрзувањата, како и од 0 до X забрзувањата.

Цитат
Значи, едноставно, погоолемиолт торк не придонел дизелот да се стекне со предност во нормални ситуации.

Придонел и се стекнала предност. Споредливи дизелаш и бензинец возат паралелно 60 у четврта и двајцата стискаат папуча до крај - што мислиш, кој повеќе ќе те залепи за седиште? Јас таа вежба сум ја правел со Астра 1.4 бензинец од 90 коња макс. наспроти Кордоба SDI од 65 коња макс. Што мислиш, која подобро и поодлучно одговорила на папучата до под, при 60 на саат у четврта?

Ајде таа вежба да ја повториме со твојот СДИ и моето Стило? Сакаш? Ако си мераклија за кладби и кладба нека биде. Баш да видиме. Јас сум спремен кафана да частам за ова.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15594 на: 16 Јуни 2015, 16:41:58 pm »
1. Дени, боцата не одзима ништо ако е монтирана на место на резервна гума под гепек.

Без резервна гума на пат не се трга. Евентуално до работа, самопослуга итн...
Да. Или боца или резервна. Да не беше тој проблем, не ми менува многу другото.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34115
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15595 на: 16 Јуни 2015, 16:46:42 pm »
А и боца и резервна?
Зошто таа опција не ви влегува во муабет? Јас на пример имам и боца и резервна (резевната ми е полна со алати и некои ситници, баш како мал компартмент) а резервната многу малку ми зафаќа од гепекот.

1. Дени, боцата не одзима ништо ако е монтирана на место на резервна гума под гепек.

Без резервна гума на пат не се трга. Евентуално до работа, самопослуга итн...

Па не тргај на пат без резервна, будала ли си?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15596 на: 16 Јуни 2015, 19:38:41 pm »
Среќа меморијата не ме напушта така лесно, па можам и покрај јаката речитост на FilipV да му ги фатам далаверите што пробува да ги протури на форумов:

FilipV фатен у небрано бр. 1

Па како мислиш ти да стигнеш до посакуваната брзина на движење што е можно побрзо (твојот услов за штедење гориво), ако не го правиш ова?

Не знам како го убаци штедењето на гориво во „равенкава“, но - ај - кога више спомна: Мојот услов не е што побрзо пристигнување до посакуваната брзина на движење сама по себе, како км/ч, туку што е можно побрзо стигнување до највисокиот можен степен на пренос. Koга велам „брзина“ мислам на прва-втора-трета, на таква брзина, не на км/ч. На пример, викаш „еве тука ќе возам у четврта“ и гледаш за што пократко време да стигнеш до минималната брзина потребна за четврта. И, да, ќе има цедење. Ама - не - тоа не е нормално возење. Нормално возење е кога шалташ веднаш чим го достигнеш минимумот за шалтање во следната брзина, како што онаа анкетана убаво покажа.

Еве, за да биде поедноставно, да претпоставиме дека стојам на патарина и чекам со ушалтана прва да се дигне рампата.

Прво нешто што правам е: ја оценувам одокативно состојбата на патот пред мене и у главата ја одредувам таргетната брзина, брзината на крстаење - брзина при која што ќе престанам со секакво забрзување (a=0). Да речеме дека тоа во конкретниот случај е 120 на саат.

Од тука натаму е многу просто - гледам за што пократко време да стигнам до 120 на саат и тоа е тоа. Тоа подразбира папуча до под. Дали ќе сменам брзина на 2000, 3000 или 7000 - верувај - не прави некоја голема разлика. Прави, но мала - премногу е мало времето за да направи голема разлика у денари.

Понекогаш дури скокам брзини - во град често ја прескокнувам трета, на автопат често ја прескокнувам четврта. Прва - тргам, експресно у втора, гас до под, трета, гас до под, цедење до 120 на саат (пошто сум на големи вртежи = голема коњажа побрзо ќе стигнам до 120 у трета него у четврта) и после шљоп петта крузинг. Тој делот со „цедењето“ трае кратко - тоа е неговата поента, да трае кратко.

Но, ако земам да се тегнам прва, па втора полеееека до трета, па трета полеееека до четврта, па четврта полееека до петта и после дури после 2 километра сум качил 120 на саат - на тој начин се троши значително повеќе гориво.

Доколку сум у град помеѓу два семафори - пак е истото правило: гледам пред мене што се дешава и одокативно проценувам колку ќе возам (да речеме 50) и после гледам за што пократко време да стигнам до 50 на саат и да убацам у четврта (или која веќе).

FilipV фатен у небрано бр. 2

Супериорен=Кој надминува други, посилен. (извор:ДИГИТАЛЕН РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК) (Ова за полесно да пребара некој што сака кај Филип кажал дека е супериорен дизел моторот)

Мило ми е што се согласивме за моментот. Тебе ти е ќејф да имаш поголема снага на ниски вртежи, мене ми е ќејф да имам поголема снага на високи вртежи. Како тоа го прави дизелот супериорен во однос на бензинецот?

Прво, обрни внимание дека никаде не сум рекол дека „дизелот е супериорен во однос на бензинецот“ освен во твоите straw man редукционистички фантазии.

Не можеш да возиш атмосферски мотор (без разлика дали е бензинец или дизел) на 1500-2000 вртежи како што го возиш dci и да очекуваш дека ќе добиеш peak torque. Треба да научиш дека тој мотор се круза од 1500 до 3000 вртежи а ако сакаш екстра моќност враќаш брзина надолу и стискаш на гас.

И каде, леба ти, примети дека јас тоа не го знам? Напротив, го дробам со години наназад на оваа тема едно миљон пати, и возењето со 2.5 в6 само ми го потврди тоа. И тоа ми е главната поента: во вртежите во кои обично се вози дизелот е супериорен, без оглед дали е турбо или не. Бензинец мора да биде турбо за да влече на вртежите на кои обично се вози.

Што праиме сеа бе Филип? Како ќе се вадиме сеа од кашава? Или ќе почнеме малку да се држиме до ставовите кои сме ги изнеле некогаш во минатото? Или ќе му лепиме „Строу Мен“ етикети на Симо и ќе викаме дека има бујна фантазија?  

« Последно менување: 16 Јуни 2015, 20:35:33 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15597 на: 16 Јуни 2015, 19:58:10 pm »
My go nakrsi sea Nema da spie.
Vie usvari si go tesite izborot bez gram objektivnost.
All dizel za mene e podobar izbor ili ednostavno sakam dizel ke si kupam dizel, e sea istovo vazi ako sakam benzinec.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15598 на: 16 Јуни 2015, 20:01:39 pm »
Второво е на место. Си вика за „вртежите во кои обично се вози“.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43792
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #15599 на: 16 Јуни 2015, 20:23:30 pm »
Супериорноста може да се дискутира, неспорно. Ете, можеше да пробаме два мотори еден дизел и еден бензинец во 159, може исто да земеш и да ја погледнеш споредбата на дизел и бензин во Giulietta, може теоретски да разглабаме за редукциските односи на менувачите, и тн итн....