2.3-литарски мотор не е „големичок“ мотор. 2.3-литарски бензинец е онака, океј, просечен бензинец.
Бензинец е од 3 литра па нагоре. 6.2 ако може, V8.
Е тоа е чудното. Што кај нас е многу, а Голф 2.5 во Канада е основен Голф.
За да се осети „бензинец“ и она што стварно е „бензинец“ треба да се долови AMG или нешто близу Е63 AMG. Или со други зборови бензинци (или било какви мотори) кои имаат барем 500Nm на 1000rpm. Тоа е она кое Филип, а и повеќето што знаат што е потребно, го бараат. А дизел во некаква си квази (со турбо) го нуди. На пример го нуди и Octavia 2.0 TSI, ете препорачувам на Филип да осети и таков бензинец, кој повлекува од ниско. Сепак не е Випер или Корвета или Суперчарџд Корвета, ама повлекува.
од тие причини и мене не ми се свиѓаат некои бензинци, кои само трошат а не одат (кога треба). На пример Астра 1.4, Мондео 1.6, и Камаро SS не се далеку од потрошувачка, а се далеку во се друго. Ако веќе не влече, барем нека не троши. Оптимално би било и да влече како голем атмосферски бензин, и да врти како огромен атмосферски бензин, и да е моќен како голем атмосферски бензин, и да троши помалку од турбо дизел, ама нема.
Море како нема, има. Тесла С. 600Nm@0, maxrpm@8300, Avg.Fuel=1l/100km