Ако второто несомнено е точно, тогаш твојата констатација дека тој сооднос е неважен од кориснички аспект е неточна.
Пропушташ една финеса: не реков „кубикажата е небитна“ (не сум луд тоа да го тврдам!), туку „
податокот за кубикажата е небитен“. Разликата меѓу овие два искази, иако суптилна, е суштинска. Ова е скриен случај на еквивокација, па малце е незгодно за оперирање со точните зборови, ама поентата која се крие позади нив е многу, многу проста.
Уште еднаш да пробам со аналогијата со процесорот: дали ти е битен
податокот колку квадратни сантиметри е површината на чипот кога одлучуваш кој модел да го купиш за да ти лизга играта?
Ултимативно, на крајот на денот, те интересира дали ќе ти лизга играта и колку ќе те чини тоа задоволство. Површината колку треба да биде - нека биде. Те здоболе.
Ако од помал дизел мотор може да си извади повеќе сила, можеме да очекуваме помоќни дизел мотори во мали возила. До пред некое време беше незамисливо дизел мотор што се вградува во Голф да има 250кс.
Што ти е наука, кажи, а? До пред некое време беше, исто така, незамисливо мал бензинец да тегне од 1500 рпм, па еве ги цепаат гајле немаат. Да сме здрави и живи, кузнај што све нема да измислат во иднина.