Неколку секунди е поспот до 160кмх. Занемарливо.
Освен при драг рејсинг, тогаш не е занемарливо. Во секојдневен сообраќај е потполно занемарливо.
Моторот е истиот, и врти до 4600рпм без двоумење.
Без никакво двоумење. Токму еден таков старт на високи вртежи со 4 возрасни у кола ми го продаде тој мотор.
Всушност максималните забрзувања ги прави со газење 3500-4600рпм.
Како и секој друг мотор, така и тој највеќе влече каде што коњажата е најголема.
Наводно, Дарко велеше дека моторот тогаш е исклучен. Бранко такоџе.
Бесмислици.
Прецизен одговор во кој распон влече па престанува ќе ти одговорам после тестирањето на твоето (така ќе ми биде баш свежо, и плус ќе обратам внимание на вртежите (тогаш веројатно не ни обратив внимание на вртежите, а повеќе на чувството, дека нагло потегнува, имаш снага во еден краток распон, па ја снемува).
Даре, зашто ретерираш? Убаво си рече дека кокошарникот кој ти си го возел влечел во само еден опсег на вртежи. Зошто имплицитно се откажуваш од сопственото тврдење? Што е проблемот да кажеш кој е тој опсег? Не мора у две децимали прецизно, кажи грубо, +- 500 рпм. Тоа кашкаи ти што си го возел, моето батали го сега.
Филип, веројатно знаеш дека и јас учев во Корчагин, и мене ми беше исто еден од омилени професори Сидо, по Философија, така да нема потреба од таквиот пристап во секоја дискусија, може поконкретно и порационално..
Исто нема потреба од пристапот "Рефлектор у фаца, признај п*а ти материна...."), сепак е ова форум, и треба да не опушта
.
Е сеа пази ова, ќе се цитирам, а и тебе малку ќе те цитирам, се надевам не ти пречи:
Јас:
"Бидејќи сакаш хируршки прецизни и вистинити податоци, а
со оглед дека последен пат Кашкаи ко твоето сум возел пред едно 2години не можам да се сетам. Меѓутоа ете пуштив и линк од тогаш што сум пишал кога ми било посвежо и е идентично на она што ми останало во сеќавање.
Впрочем тоа беше една од причините што не го купив (пази бев најзапален за Кашкаи бидејќи веќе имам во фамилија, и го пробав со намера да го купам. Во тој момент немав намера воопшто да пробам други возила. Пробувањето на другите возила настана од кога тотално се разочарав од Кашкаи 1.5 дци).
Прецизен одговор во кој распон влече па престанува ќе ти одговорам после тестирањето на твоето (така ќе ми биде баш свежо, и плус ќе обратам внимание на вртежите (тогаш веројатно не ни обратив внимание на вртежите, а повеќе на чувството, дека нагло потегнува, имаш снага во еден краток распон, па ја снемува)."
Веројатно мојот македонски не е доволно добар за тебе, па ќе морам да ти преведам..
Погоре цитираното значи дека бидејќи последен пат сум го возел одамна (пред ДВЕ години), и дека веројатно не сум ни обратил на кој точен распон на вртежи е снагата, а кога нагло престанува, и дека е податок што не можам да ти го одговорам прецизно (ставив некаде и број на вртежи, односно дека после 3000-3500 ја губи снагата, ама ова е паушален податок, а не прецизен. БИДЕЈЌИ ГО НЕМАМ КАШКАИ ТО СЕКОЈ ДЕН, А ПОСЛЕДЕН ПАТ ГО ВОЗЕВ 3 ДЕНА ПРЕД 2 ГОДИНИ).
Битно е што опишувам како јас го доживеав чувството на тој мотор во Кашкаи, и дека е една од причините што не го купив (пази, го пробувам ПРВ со намера да го купам, импресиониран од возните карактеристики кај брат ми (дури после сконтав дека у ствари има и доста подобри перформанси и од неговото, дури кога пробав други).
Веројатно разбираш дека и покрај протекциите што го имал како модел во моите очи, тоа што не сум го купил и сум посакал да пробам нешто друго, било ради лошото доживување при тие три дена )
Да знаев дека ќе биде битно да ти го кажам тоа, веројатно ќе си запишев точни вртежи и распон, ама ете не ми текна дека тој податок ќе ми биде така важен во иднината. Дека не е некакво застарено сеќавање за чувството што сум го имал при возењето , пуштив и линк кај што сум го опишал возењето како сум го доживеал, пред година дена (далеку потазе ми било сеќавањето).
Е сеа решение на ова е да пробаме повторно Кашкаи 1.5 дЦИ и да забележиме точно на кои вртежи е тоа НИШТО чувство. За тоа ни треба:1. Доволно време - Ете, сум расположен да го потрошам за тоа.
2. Нисан Кашкаи 1.5 дЦИ што ќе може да го пробаме.
Сеа ќе те цитирам тебе:
Еве ти линк:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,61.msg585086.html#msg585086Еве извадок:
"
Цитирано од: krell на Денес во 10:37:59
Јас многу сакам да го видам светлото во мракот, и да видам што сум пропуштил.
Anytime. Сакаш денес?"
Ако добро разбирам македонски, се нудиш да го пробаме твојот Кашкаи, и тоа кога сакаме, дури и денес.
За да после некое време денес, место да се договориме кога да ти го пробаме Кашкаи -то, и да утврдиме на кои вртежи настанува тоа OFF чувство, одеднаш:
"Даре, зашто ретерираш? Убаво си рече дека кокошарникот кој ти си го возел влечел во само еден опсег на вртежи. Зошто имплицитно се откажуваш од сопственото тврдење? Што е проблемот да кажеш кој е тој опсег? Не мора у две децимали прецизно, кажи грубо, +- 500 рпм. Тоа кашкаи ти што си го возел, моето батали го сега."
Значи во наредното возење на било кое Кашкаи 1.5 ДЦИ покрај на чувството, ќе се обидам да обратам внимание и на точните вртежи и на опсегот. Мислам дека ова е прецизен метод на давање одговор, каков што впрочем и го бараш од сите.
Ама еве да не се расплинмуваме со муабетот, да упростиме:
Дали може да ти го пробаме твоето Кашкаи, и да ни ја покажеш светлината што ние ја пропуштаме, и да го утврдиме прецизниот распон на вртежи?
Те молам одговори ми со:
1. ДА
2. НЕ
Се надевам си задоволен од рационалните методи во мојот одговор
Дарко