Јас кога направив споредба со мотори со иста зафатнина и ист тип на аспирација,
моторите не се од ист тип и автоматски споредбата со иста зафатнина и аспирација е несоодветна.
дали би споредил ванкелов и ото мотор со иста аспирација и зафатнина?
дали би споредил Mazda RX8 1.3 со Југо 1.3? Ете, иста зафатнина, иста аспирација.
Би споредил или не?
Не?
Зошто не?
Exactly.
Аман више со споредување дизели и бензинци со иста кубикажа и аспирација, а различна цена и маркет ниш. А-МАН!
Ако бензинецот и дизелашот имаат иста кубикажа тогаш аспирацијата автоматски не е иста.
А може на еден мотор да ставиме толкицко турбо, на друг мотор наа оолкаво турбо. Пак ли е иста аспирацијата? Демек и двата турбо?
Аман више. Аман!
повеќе од очигледно е дека се водиш по свои логики. твојата логика е изедначуваање по снага или торк, па следиш потрошња... моја логика е иста кубикажа, па да си ги мериме... на трет е логика иста потрошувачка во литри па си го мери.
значи сакам да кажам дека логика е едно, а реалност е друго. понатака многу често те гледам споредуваш турбо дизел со атмо бензинец, затоа што тоа е ТВОЈАТА логика на споредување и рамнење...
да, југо 1300 со мазда рикс 1300 се споредуваат... точно тогаш ја гледаш разликата на технологијата помеѓу тие две возила. само така се гледа и компарацијата и секако споредливо е, затоа што тоа се реалните споредби. маздата е 20 години поново од југото.
ако споредуваш дизел со бензин, ке споредуваш со исти кубици (не за џабе во светот тоа им е прво нешто што гокажуваат за типот на моторот) и исто или многу слично годиште, но секако од иста технолошка генерација.
никако не е споредиво 2000 кубици бензинец со 2000 кубици турбо дизел. значи или двете со турбо или двете без турбо па споредувај... овде компарациите што ги гледам низ овие илјада страни нај често не беа соодветни. значи не навлегувам во тоа кој каков пренос има на менувач. тоа накнадно ке го споредуваме ОДКАКО ке се посочи реален пример на компарација помеѓу 2 возила.