Зошто не бензинец. Затоа што претекнувањето е болно со бензинец. Возиш 60кмх зад камион, во која брзина ќе го претицаш? Во 4та? Не е возможно. Во 3та? Во 3та е возможно но не доволно брзо. Треба да смениш во 2ра, да ја исцедиш до 80кмх (до црвено) па да смениш во 3та (во сред претекнување), па да ја исцедиш до 120кмх, па 4та брзина. Ова не само што е опасно, туку е и непријатно и сосема непотребно.
Како дизелот го решава проблемот со претекнувањето? Возиш 60кмх во 4та. Притискаш на гаста, и забрзуваш до 160кмх.