Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2183920 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10950 на: 26 Август 2013, 17:07:43 pm »
^Баш сакав тоа да прашам.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10951 на: 26 Август 2013, 17:11:19 pm »
само што ви кажа ако се слична коњажа не се правете луди

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10952 на: 26 Август 2013, 17:15:02 pm »
Претпоставувам дека одобруваш споредба на атмосверски дизелаш и турбо бензинец со слична цена? ;D

Да.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10953 на: 26 Август 2013, 18:18:12 pm »
Не бе, таман работа.... еве, само пари ќе споредуваме. Е сега, што сакаш да гледаш низ призмата на парите? Колку задоволство или колку заштеда ќе имаш?

Кај современите дизели тие две нешта не се исклучуваат меѓусебе. Напротив, се надополнуваат: ем доминантно шибаш, ем не му се сеќираш. Возачка нирвана!

Валидна е, ете Мазда на исто место добила награда за својот ванкел од 1,3L во категорија 2,5-3,0L мотори и се споредува како мотор со еквивалент од 2,6L. Не гледам јас такво изместување помеѓу четиритактниве дизели и бензинци.

Jeби га, тоа е што е. Ванкелот иде со помалку кубици у повисока категорија заради повисоките крајни вртежи. Може на дизел од 2.0 литри просто да му начукаш поголемо турбо и ќе има крајни перформанси ко дизел од 3.0 литри со помало турбо или 2.0 атмосферец без турбо или 2.5 со средно-големо турбо, или со 1.6 со двојно турбо бла бла бла бла...

Порано кубикажата беше основен параметар по кои се добиваше „осет“ за „вистинските“ перформанси на моторот. Зошто? Затоа што секој мвс е онолку моќен колку што може да прими воздух во единица време. Па оттаму - поголема кубикажа - поголема моќност низ целиот опсег на вртежи.

Но, во денешно време, кога речиси сите мотори се со некој вид „насилно“ бутање на воздух у цилиндрите, кубикажата сама по себе веќе не ја кажува целата приказна.

Ова сакам да кажам: Замисли дека некој има 15к евра и се двоуми меѓу бензин и дизел. Дали ќе му значи било што тоа што ти ќе му кажеш „земи бензин пошто бензинецот при иста кубикажа е појак од дизелот“??? Па тој што сака да купи кола НЕ инвестира кубици, ебаго, инвестира пари. Тоа што бензинецот за зададена кубикажа бил појак е во оваа дискусија потполно, потполно ирелевантно.

Никако! Ванкелот се есапи во оваа категорја заради проценката дека има двојно повеќе работни тактови од истиот волумен. Дизелашите и бензинците се четиритактни и нема тука разлика во искористувањето на работната зафатнина од механичка гледна точка.

Па оттука - Бензинците во истиот волумен ќе генерираат барем иста сила (торк) како и дизелашите, со тоа што поради драстично подобрата експлозивност (иако генерира помалку волумен на гас од исто гориво) се експандира побрзо, тој торк може да го постигнува/одржува кај поголема брзина на движење на клипот (знаеш онаа мака да генеирарш торк кога возиш точак на уздолница), т.е, на повисоки вртежи каде ќе се растрчаат повеќе коњи.

Купувањето на на кола по волумен или по максимална снага како единствен критериум е тотално промашен начин на селекција.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10954 на: 26 Август 2013, 18:59:12 pm »

А што, изгледот и седиштата се различни?

Независно од моторот, но зависно од парите.









Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10955 на: 26 Август 2013, 19:44:43 pm »
Демек бензинецот оди со повеќе опрема или?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10956 на: 26 Август 2013, 19:52:21 pm »
Демек бензинецот оди со повеќе опрема или?

И јас не разбирам која е поентата. Споредуваме мотори, не нивоа на опрема.

Никако! Ванкелот се есапи во оваа категорја заради проценката дека има двојно повеќе работни тактови од истиот волумен.

Во право си, фала на корекцијата!

Дизелашите и бензинците се четиритактни и нема тука разлика во искористувањето на работната зафатнина од механичка гледна точка.

Ај сеа ја да кажам „никако“, може? Дизелите имаат интристично ограничување на максималните вртежи, па со тоа е ограничено количеството воздух кое ќе влезе во единица време. Ако сакаш повеќе коњи од дизел: или поголема кубикажа, или поголемо турбо. Бензинецот може просто да крене вртежи и оп - поише воздух влегол = поише коњи.

Купувањето на на кола по волумен или по максимална снага како единствен критериум е тотално промашен начин на селекција.

Фала богу.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10957 на: 26 Август 2013, 20:08:38 pm »
Демек бензинецот оди со повеќе опрема или?

За исти пари. Барем беше на времето. 1.2 т-јет спортинг вс 1.3 м-јет динамик мислам...

Демек бензинецот оди со повеќе опрема или?

И јас не разбирам која е поентата. Споредуваме мотори, не нивоа на опрема.


Јас разбрав дека споредуваме пари... изглеа погрешно сум разбрал овие 2-3 дена од дискусииве твои.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10958 на: 26 Август 2013, 20:14:36 pm »
Демек бензинецот оди со повеќе опрема или?

За исти пари. Барем беше на времето. 1.2 т-јет спортинг вс 1.3 м-јет динамик мислам...

Демек бензинецот оди со повеќе опрема или?

И јас не разбирам која е поентата. Споредуваме мотори, не нивоа на опрема.


Јас разбрав дека споредуваме пари... изглеа погрешно сум разбрал овие 2-3 дена од дискусииве твои.
Поголема ти е ратата на безнинецот, ако ти е ист кредитот.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10959 на: 26 Август 2013, 20:22:28 pm »
Минорно. Ќе земам 6/100 за дизелашот, 8,7 за  т-јет. Просек 1000км месечно, разлика, нецели 50 евра со денешниве цени.  Секако, ако го земеш 1.4 16в со слична коњажа и без турбо, веќе и со премијава од 50е си далеку поефтин од дизелот во ратите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10960 на: 26 Август 2013, 20:23:08 pm »

Ај сеа ја да кажам „никако“, може? Дизелите имаат интристично ограничување на максималните вртежи, па со тоа е ограничено количеството воздух кое ќе влезе во единица време. Ако сакаш повеќе коњи од дизел: или поголема кубикажа, или поголемо турбо. Бензинецот може просто да крене вртежи и оп - поише воздух влегол = поише коњи.


Клучниот збор е „механичка“. Критериумите за споредба на пример во engine of the year, очигледно не се направени според колку воздух во единица време ќе помине туку според зафатнината гледано како механички склоп и број на активни циклуси.

Не гледам таму категорија „best engine under 100hp".

Што се не се има кажано овде, па ова... слободно пукај. Но тоа не е целосна вистина дека има апсолутно ограничување на вртежите која не постои кај бензинците. И едните и другите си имаат свој лимит. Само кај другиве е подалеку. Тоа не значи дека не можат да се споредат. Значи само дека глупо е да ги тркаш оти без тркање знаеш кој е кој. А во дуќан за мои пари споредувам се што мислам дека е споредливо па и притисок во гумите ако знам да заклучам што е што.

Значи ако за иста набавна цена на возилото од 0-3000 вртежи двете возат со иста динамика/перформанси а другиов над 3000 вртежи покажува знаци на напредок во перформанисте... хм изгледа имам подобри перформасни за истата набавна вредност на возилото.

После иницијалното „исто“ кој како сака нека му ја вози ..мисли (еден од есапите).

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10961 на: 26 Август 2013, 20:41:30 pm »
Значи ако за иста набавна цена на возилото од 0-3000 вртежи двете возат со иста динамика/перформанси а другиов над 3000 вртежи покажува знаци на напредок во перформанисте... хм изгледа имам подобри перформасни за истата набавна вредност на возилото.

Менувачот се осмислува според моторот. Ако корисниот опсег на вртежи е од 1000 до 4000 кај дизелашот, а кај бензинецот од 1500 до 6000, така ќе се направат и соодветните менувачи. Мислам дека при споредбите е многу подобро да кажуваме „ниски, средни, високи“ вртежи или нешто слично, наместо да употребуваме апсолутни бројки. Она што кај бензинецот е 6000 рпм, кај дизелот е 4500 рпм, и менувачите се направени со уважување на таа разлика.

Се надевам дека ме разбираш што сакам да кажам: да гледаш на дизелот како на бензинец на кој просто му фалат вртежите над 4500 рпм е погрешно - дизелот за возврат има поголем момент (за слична максимална снага!) па на 4500*поголемиот момент ќе продуцира исто коњи како бензинецот на 6000*помалиот момент.

Еднаш кажа дека бензинецот имал поголем опсег на вртежи бидејќи се вртел до 6-7, а дизелашот до 5. Тоа, иако е точно, нема големо значение, благодарение на менувачот. Може некој замислен мотор да има корисен опсег на вртежи од 3000 до 3050 (опсег од само 50), но ако моторот во тие вртежи има доволно многу торк и менувачот е така конструиран да во тие 50 вртежи го покрие целиот дијапазон на брзини - на возачот исто му се фаќа.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10962 на: 26 Август 2013, 21:12:43 pm »

Се надевам дека ме разбираш што сакам да кажам: да гледаш на дизелот како на бензинец на кој просто му фалат вртежите над 4500 рпм е погрешно - дизелот за возврат има поголем момент (за слична максимална снага!) па на 4500*поголемиот момент ќе продуцира исто коњи како бензинецот на 6000*помалиот момент.

Што правиме кога дизелот и бензинецот од 0-4000 rpm имаат ист момент и снага и иста набавна цена на возилото? После тоа од 4000-6000 како се вика? Што е таа разлика? 

Се надевма дека добро читаш ..иако не секогаш, ама ај да ти помогнам.





Прашањето што треба да си го поставиш/ем одговориш е: Дали сакаш да купиш мотор (генерциски и конструктивно споредливи) со помал волумен за бензин на пример 1,4 со 122кс максимална снага и 200Nm (1500-4000 rpm), или да земеш 2000 евра поскапа кола од ист производител/марка/опрема со 1,6 дизел мотор 105кс и 250Nm (1500-2500 rpm)?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10963 на: 26 Август 2013, 21:35:50 pm »
Што правиме кога дизелот и бензинецот од 0-4000 rpm имаат ист момент и снага и иста набавна цена на возилото?

Пример?

(Веројатно мислиш на ист максимален можен момент и иста максимална можна снага)

После тоа од 4000-6000 како се вика?

Хм... можеби „вртежи во кои што речиси никогаш не возам, но можноста за возење во тие вртежи ја плаќам секојдневно, при возење на кои било вртежи“?

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4002
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10964 на: 26 Август 2013, 21:50:46 pm »
Што правиме кога дизелот и бензинецот од 0-4000 rpm имаат ист момент и снага и иста набавна цена на возилото?

Пример?

(Веројатно мислиш на ист максимален можен момент и иста максимална можна снага)

После тоа од 4000-6000 како се вика?

Хм... можеби „вртежи во кои што речиси никогаш не возам, но можноста за возење во тие вртежи ја плаќам секојдневно, при возење на кои било вртежи“?

Мислам на максималните вредности во кој било  режим на вртежи во минута. Како сакаш брои ги, со пола педала на гас, со 2мм стискање, со стискање до даска. Како ти чини така стискај двата мотори за иста набавна цена ќе ти возат барем исто.

Сите примери достапни на сајтовите на vw.com.mk,  audi.com.mk (ај да не терам со шкода и сеат исти се моторите)  fiat.com.mk, automakedonija.com.mk,  ford.com.mk.