Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2183289 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10980 на: 27 Август 2013, 10:44:15 am »
Истото прашање: oва некаде си го прочитал или, онака, по твоја проценка?
Статистика, измерено.

Focus 2.0 на плин троши 12 литри плин во град, а Focus 1.8TDCI троши 7 литри дизел.
12 * 35 = 420
7 * 75 = 525

2.0 атмо-бензинецот е побрз од 1.8 турбо-дизелот.

1. Дизелот не е 75 туку 70

2. 7 литри дизел низ град за Фокус tdci ми делува како многу. Толку трошеше (според борд) ново Mondeo 2.0 tdci кога го имав на тест-возење, а при тест возењето воопшто не го штедев. Таква потрошувачка од фокус тдци би очекувал при „лошо“ (да, има наводници) возење на дизелот и третирање на моторот како бензинец: одвратна, понижувачка но и честа пракса која грубо ги игнорира предностите на дизелот... ок, ок, се занесов малце :-)

Лично очекувам маргинална предност во потрошувачката на пари кај дизелот во споредба со соодветен плинаш. Во тредот „Измерена...“ брамовск на автопат потрошил плин во противвредност од околу 5.7 литри дизел на 100 км (израчунав прееска). Не кажа како возел, но на таа иста релација и со кампирање у левата лента мојот просек е околу 5 - 5.5.

Би се согласил дека потрошувачката на пари LPG вс дизел е тука некаде, но дека со LPG е поекономично ми звучи сепак како благо, нежно претерување.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10981 на: 27 Август 2013, 10:44:19 am »
Истото прашање: oва некаде си го прочитал или, онака, по твоја проценка?
Статистика, измерено.

Focus 2.0 на плин троши 12 литри плин во град, а Focus 1.8TDCI троши 7 литри дизел.
12 * 35 = 420
7 * 75 = 525

2.0 атмо-бензинецот е побрз од 1.8 турбо-дизелот.


Pak si jadel od tie pecurkite za halucinacii ?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10982 на: 27 Август 2013, 10:44:38 am »
Бенизнец на плин е поекономичен од дизел!

Истото прашање: oва некаде си го прочитал или, онака, по твоја проценка?

не ми се верува дека и после сите математики кои и јас, и други членови на форумов ги презентираа ти сеуште се обидуваш со трол факти да ги сузбиеш?

бмв 520 дизел троши 11 нафта
бмв 520 бензинец троши 14 плин

11*75=825
14*38=532

волво В70 2.5 дизел троши 10 нафта
волво В70 2.5 бензинец троши 13 плин

10*75=750
13*38=494

како што викаш ти ова се проверливи информации, докажани и покажани...


плинот го рачунав 38 како и повекето плинари што го продаваат, а да напоменам дека на 3-4 километри од мене е нас гас каде што плинот е 33 денари тогаш математиките се уште повесели и разликата е скоро двојна


и пак прашањето што по 3-ти пат ТЕБЕ ТИ ГО ПОСТАВУВАМ, а ти го заобиколуваш на широк лак како јас дизелот:

ако земем дека јас сум краен корисник кој возилото го користи за од точка а до точка б, не сум некој фан на автомобилизмот и не се разбирам од коли баш многу, кажи ми добра причина зашто да купам дизел возило од мојот омилен бренд кога следниве факти ке ги сублимираме а јас ги знам дека с етакви т.а. сум се информирал:

-не ми се свига како звучи моторот кога ке стиснам на педала
-поскап е во набавна цена
-влече исто како и бензинецот
-троши скоро двојно повеке одошто на плин
-дефектите му се реалтивно поскапи одошто на бензинец
-кога престигнувам камион ке морам да прешалтувам брзина во сред престигнување заради нискиот краен број на обртаи
-ја загадувам околината и тепам комарци кога ке кликнам на педала (ова има и позитивна страна, т.е. ги требиш комарците ;D )
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10983 на: 27 Август 2013, 11:14:28 am »
Не сакам дизел воопшто, ама па не мора да се прајте многу јаки со математикиве.

Плин 34ден - а дизел 75ден.

;D ;D ;D


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10984 на: 27 Август 2013, 11:20:16 am »
јас идев по цената што ја пиша гојдо... значи дизелот е 70 денари.. се извинувам... но тоа не ги менува работите воопшто... сим додал 5 денари по литар дизел, а плинот на нас гас е 33 пак 5 денари повеке по литар, така да тоа е тоа... математиката е таа, а разликата е очигледна... отиде во неповрат и последниот единствен аргумент на дизелите т.е. економичноста...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10985 на: 27 Август 2013, 11:23:31 am »
У саботата се возев на трактор, како влече на ниски обртаи па па па па свака част...


Одличен за орање..

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11811
  • Архитект
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10986 на: 27 Август 2013, 11:24:50 am »
Во наш гас е 33 а во лук оил колку е?
39 - 40?

Ами има едно бате шо шитка нафта на црно ( бугар ќе кажи каде се наоѓа) за 50 го дава литрото.

;D ;D

Весела математика.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10987 на: 27 Август 2013, 11:26:41 am »
и пак прашањето што по 3-ти пат ТЕБЕ ТИ ГО ПОСТАВУВАМ, а ти го заобиколуваш на широк лак како јас дизелот:

ако земем дека јас сум краен корисник кој возилото го користи за од точка а до точка б, не сум некој фан на автомобилизмот и не се разбирам од коли баш многу, кажи ми добра причина зашто да купам дизел возило од мојот омилен бренд кога следниве факти ке ги сублимираме а јас ги знам дека с етакви т.а. сум се информирал:

Секое возило се користи за А-Б. Тоа не се доволно информации за да добиеш одговор.

-не ми се свига како звучи моторот кога ке стиснам на педала

Ни мене не ми се свиѓа како звучи бензинец натегнат на 4000+ рпм. Ко мелница за кафе или стар усисивач.

И аман више со овој „звукот та звукот“ аргумент. Дали ти, на некој што не се разбира у коли и му треба за а до б, со исправна фаца би му рекол „земи бензинец ЗАТОА ШТО звукот ова звукот она“?

-поскап е во набавна цена

Поскапо и се продава половен, а за таа разлика во цената обично добиваш и повеќе опрема, не само дизел мотор. Не знам дали е уште така, но на времето кога ја купував кордобата, секогаш најефтиниот дизелаш имаше повеќе опрема од соодветниот бензинец.

влече исто како и бензинецот

Ако е турбобензнец. Иначе е мртво пувало на ниски вртежи и мораш да го цедиш за да влече. Ама ако е турбобензинец, ослабува (само ослабува, не се елиминира) аргументот за пониската набавна цена.

троши скоро двојно повеке одошто на плин

А?

-дефектите му се реалтивно поскапи одошто на бензинец

Не би знаел да потврдам или негирам, бидејќи никогаш не сум имал дефект на некој од моите дизели кои до сега сум ги поседувал и одржавал. Али чим така викаш, така ќе да е.

кога престигнувам камион ке морам да прешалтувам брзина во сред престигнување заради нискиот краен број на обртаи

Е, сеа го погоди у центар...

Ќе се научиш како се вози дизел и од колку вртежи да го почнуваш претекнувањето. Ја не шалтам никад дур сум у спротивната лента сред претицање... освен кога ја возам астрата 1.4 на брат ми. Тогаш морам.

ја загадувам околината и тепам комарци кога ке кликнам на педала (ова има и позитивна страна, т.е. ги требиш комарците ;D )

Нели рековме не споредуваме стари и/или лошо одржувани канти?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10988 на: 27 Август 2013, 11:36:44 am »
пак се правиш на удрен за математиките за гориво... што одговор ти е тоа твоето: А? иди неколку поста погоре имаш неколку примери со пресметки... и веке дефинитивно е констатирано од сите корисници дека на плин е поекономично одошто на нафта да се вози... не го заобиколувај тој факт...

понатака...

јас ти поставив просто прашање и побарав одговор а не тумачење на моите зборови и наводно котраргументирање... одговори ми на прашањето:

ако земем дека јас сум краен корисник кој возилото го користи за од точка а до точка б, не сум некој фан на автомобилизмот и не се разбирам од коли баш многу, кажи ми добра причина зашто да купам дизел возило од мојот омилен бренд кога следниве факти ке ги сублимираме а јас ги знам дека с етакви т.а. сум се информирал:

-не ми се свига како звучи моторот кога ке стиснам на педала
-поскап е во набавна цена
-влече исто како и бензинецот
-троши скоро двојно повеке одошто на плин
-дефектите му се реалтивно поскапи одошто на бензинец
-кога престигнувам камион ке морам да прешалтувам брзина во сред престигнување заради нискиот краен број на обртаи
-ја загадувам околината и тепам комарци кога ке кликнам на педала

не го тумачи мојот текст и не давај несоодветни аргументи... нема потреба да селкетираш црта по црта туку дај ми директен одгвор на прашањето:

зашто да купам дизел ако ги земеш во предвид погоре набројаните факти... значи повторувам ОДГОВОР БАРАМ а не контра аргументирање на моите црти... а проста причина е што еден куп такви рандом фаци доаѓаат кај мене во гаража со потполно истите факти и желби... и секако на прво место бидејки е ова балкан стави ја 4-тата ставка која ти ја заобиколуваш т.е. возењето на плин е доста поекономично од нафта... и тоа збориме за разлики од 35 до 45%


значи?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10989 на: 27 Август 2013, 11:52:03 am »
зашто да купам дизел ако ги земеш во предвид погоре набројаните факти...

1. Какви факти бе чоек. Погоре набројаните „факти“ се во најмала рака дискутабилни, а факт не може да биде нешто што е предмет на дискусија. Ако сакаш конклузија врз база на премиси, премисите мораат да бидат неоспорни. Иначе нема поента. Затоа мораме да ги претресеме еден по еден, да видиме што е стварно факт, а не „факт“, па заклучоци ќе изведуваме од она што ќе остане.

2. Доколку те интересира кои се моите про-дизел аргументи - таква листа составував едно миљон пати до сега, погледни ги постарите постови. Мене ме мрзи да барам (исто како и тебе)

Сепак, твоите последни постови ме натераа на размислување:

Дали макар некој во овие 700 страни ме примети да кажам „дизел е бољи во секој случај, купувајте дизел а не бензин“? М?

Дали макар некој забележа дека на прашањето „што е боље бензин или дизел“ секогаш одговарам „зависи, како кога, кој ќе вози колку каде бла бла...“, а никогаш „дизел е бољи“? Примети некој или не?

ееее, навивачи мои заслепени... Јеби га, нормално е неутралниот да им изгледа ненеутрално на ненеутралните... Ако си неутрален, на вмровците ќе им изгледаш ко сдсмовец, на сдсмовците ќе им изгледаш ко вмровец. Нормално и очекувано е тоа.

Она против кое што цело време се борам се килавите аргументи кои често (не секогаш!) ги користат про-бензинашите. Дали се разбира што значи ова? Со тоа не сакам да кажам дека бензинецот е секогаш полош. Само сакам да кажам дека АРГУМЕНТИТЕ кои се користат про-бензин во овој тред се или ирелевантни, или субјективни, а понекогаш просто погрешни. Еве една кратка greatest hits листа на фалични про-бензин аргументи:

- Ако возиш за уживање, тогаш мора бензин (ова ли е „факт“? што е „уживање“ во возењето? За секого ли е едно те исто?)
- За иста кубикажа бензинецот е појак (тотално, тотално, тотално ирелевантно. Повеќе е за во рубриката „јесте ли веч чули да...“ и нема никаква разумна улога при бирањето на возилото)
- Звукоит на бензинецот е бољи (ствар на укус автоамтски не е факт. Современ комон-реил дизелаш мене ми звучи екстра, поготово во добро изолираната внатрешност)
- Дизелите се спори и слаби (било некад факт, пред 30 години)
- Дизелите брчат ко трактори и чадат ко железара (да, ако се стари лошо одржувани канти)
- Бензинците се појаки за истите пари (да, но во режими на возење во кои многу ретко се вози, така да овој факт - и покрај тоа што е неоспорен - слабо стои со релевантност)

Јас ли треба на вас да ви кажувам кои се ВИСТИНСКИТЕ предности на бензинецот? Сакате?

Отсутен aleksandarbt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 819
  • Opel zafira 2.0 125 kw
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10990 на: 27 Август 2013, 12:08:43 pm »
Cruze 1.8   kombinirano   11     lpg     11*38=418
curze 2.0d  kombinirano   7.5    nafta  7.5*70=525

Ako se dodade duplo poevtinite servisi za benzinecot prednosta e ocigledna.Primer dizelot ima naften filter koj ne ke evtin,maslo + 2l,pobrzo trosenje na kocnici itn

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10991 на: 27 Август 2013, 12:12:16 pm »
Онак, а дали (и колку) искуство имаш со дизели што не се добри 15 години стари?

Дали имаш воопшто искуство со модерен, комон-рејл (рецимо не постар од 3 години) дизел?

BMW 520 дизел трошело 10 литри нафта? Можеби, пред 15 години. Денешен BMW 520d со ~180 коња со внимателно возење троши под 7 литри на 100 во град. BMW 320d со истиот мотор троши 5.7 во град. Проверено, од прва рака, односно јас сум бил зад волан а мерењето го правел инженер на BMW дојден од Германија.

Него, за да го прошириме малку муабетот за потрошувачката, во најновиот број на CAR магазин има споредба меѓу BMW 320d и Lexus IS300h.

Бенџаминот е комон-рејл турбодизел со 181 коњ и 380 Nm вртежен момент. Забрзува до 100 за 7.4 секунди - многу респектабилна бројка. Според официјалните податоци, троши 4.49 литри на 100 километри.

Лексусот е хај-тек хибрид со 2.5-литарски бензинец што испорачува 178 коњски сили 220 Nm и електромотор што испорачува 141 коњска слика и 300 Nm вртежен момент. Вкупниот аутпут е 220 коњски сили. Хауевер, забрзува до 100 за 8.3 секунди (цела секунда повеќе од „инфериорниот“ и 40 коњи послаб дизел) и троши 4.7 литра на 100. А да, и тежи 250 кила повеќе. И на крај, кошта 1060 фунти (1230 EUR) - 33495 vs 32435 повеќе.

Значи... Кошта повеќе, оди помалку и троши повеќе, и благодарение на тие 250 кила дополнителна тежина, хендлингот е значително полош во однос на BMW-то. Тука правиме муабет за две модерни, cutting-edge возила во ист сегмент, со иста големина, (мање-више) иста цена - сите параметри се тука, и дизелот е значително подобар во сите мерливи категории. Што правиме сега?

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10992 на: 27 Август 2013, 12:20:31 pm »

-не ми се свига како звучи моторот кога ке стиснам на педала
-поскап е во набавна цена
-влече исто како и бензинецот
-троши скоро двојно повеке одошто на плин
-дефектите му се реалтивно поскапи одошто на бензинец
-кога престигнувам камион ке морам да прешалтувам брзина во сред престигнување заради нискиот краен број на обртаи
-ја загадувам околината и тепам комарци кога ке кликнам на педала (ова има и позитивна страна, т.е. ги требиш комарците ;D )
Дизелот минимално е поскап од турбо бензинецот, односно плин ако му ставиш(процедура плус) на тб може и поскап да ти испадне.
За трошењето-бензинецот на плин ке троши помалку пари фала богу.
За дефектитет незнам како се турбо бензинците (плус плинот во нив), мада тешко дека ке ти се расипат и тие и тие...
Кога престигнуваш камион изборот е твој, или брзина погоре или брзина подолу (исти ѓавол) :)
Новите автомобили скоро исто загадуваат и ни д од дим нема ако ти е за тоа.

Инаку се на се:
1. Турбо бензинец
2. Турбо дизел
3. Атмосверски vtec

По овие, далеку подолу ми се сите останати, зависи за која намена ке ми биде автомобилот

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34295
  • Таков е животот... јебига
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10993 на: 27 Август 2013, 12:39:51 pm »
Новите автомобили скоро исто загадуваат и ни д од дим нема ако ти е за тоа.

Веќе има Голф 6-ки кои чурат црно одзади... Чим остарат 5-6-7-8 години почнуваат.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #10994 на: 27 Август 2013, 12:43:08 pm »
Веќе има Голф 6-ки кои чурат црно одзади... Чим остарат 5-6-7-8 години почнуваат.

извадени катализатор и дпф?