Значи ако за иста набавна цена на возилото од 0-3000 вртежи двете возат со иста динамика/перформанси а другиов над 3000 вртежи покажува знаци на напредок во перформанисте... хм изгледа имам подобри перформасни за истата набавна вредност на возилото.
Менувачот се осмислува според моторот. Ако корисниот опсег на вртежи е од 1000 до 4000 кај дизелашот, а кај бензинецот од 1500 до 6000, така ќе се направат и соодветните менувачи. Мислам дека при споредбите е многу подобро да кажуваме „ниски, средни, високи“ вртежи или нешто слично, наместо да употребуваме апсолутни бројки. Она што кај бензинецот е 6000 рпм, кај дизелот е 4500 рпм, и менувачите се направени со уважување на таа разлика.
Се надевам дека ме разбираш што сакам да кажам: да гледаш на дизелот како на бензинец на кој просто му фалат вртежите над 4500 рпм е погрешно - дизелот за возврат има поголем момент (за слична максимална снага!) па на 4500*поголемиот момент ќе продуцира исто коњи како бензинецот на 6000*помалиот момент.
Еднаш кажа дека бензинецот имал поголем опсег на вртежи бидејќи се вртел до 6-7, а дизелашот до 5. Тоа, иако е точно, нема големо значение, благодарение на менувачот. Може некој замислен мотор да има корисен опсег на вртежи од 3000 до 3050 (опсег од само 50), но ако моторот во тие вртежи има доволно многу торк и менувачот е така конструиран да во тие 50 вртежи го покрие целиот дијапазон на брзини - на возачот исто му се фаќа.