После 5 минути се откажува било кој бензинец од побрза вожња. Дури не можеш да најдеш бензинец што држи темпо од 130кмх. Минатава недела гледам Алфа 156 2.0. 155 магариња ги наброил и вози 95кмх по регионален пат. Претицува камион, и веднаш намалува на 90кмх. Многу проклето добро знам како е да си во негова кожа. Му троши 10 со најекономично возење, беден и јаден, не смее да помисли да згазне на гаста.
И секогаш сум се смеел на косилициве, наброиле едно чудо коњи под хауба а нигде ги нема. Второто незадоволство доаѓа кога некој косиличар ќе проба да држи темпо до дизелашот. Бргу гледа дека неспособен да го прави тоа. Косилицата нема сила. Третиот момент на незадоволство, откако бил испашкан од дизелашот, треба да ја плати цената за тоа: 15 литри потрошувачка. Во тој момент му доаѓа зелбата за самоубиство. Кутри напатени души се косиличарите.