^ Купвање било каква кола е жив зијан уште од старт. Не ти носи ништо друго освен задоволство. Зашто да одберам нешто што ќе го платам прво поскапо, па поскапи делови и сервис и при секое влегување и палење на колата да слушам кркотење, кога можам на почеток да платам поевтино, да имам поевтин сервис и при секое влегување во колата едвај да слушнам звук, а ако ми троши многу, ќе монтирам плин и ќе си уживам 3 пати повеќе од сите вас дизелаши.
Е сега ако се прави споредба помеѓу АТМО вс. АТМО и ТБ вс. ТД ондак треба да се стават на хартија добрите страни и лошите страни на моторите. Кога ќе се стават на хартија сите тие работи, на страната на дизелот не гледам повеќе од 2 работи во кои е подобар од бензинецот.
Пак ќе кажам, ако размислувам да купам кола и уште во старт си викам "ама дали ќе ја продадам" ќе размислам пак и ќе купам или точак или месечна карта за автобус.