@filipv, Количествто воздух што ќе влезе во цилиндерот зависи од многу фактори, не само од кубикажата и позицијата на лептирот. Воздухот има своја маса и има инерција, нормално. При викоки вртежи влегува помалку воздух во цилиндрите поради овие причини, и затоа настанува намалување на торк-от кај бензинците. Оние кои се оптимизрани за добар торк при високи вртежи, имаат проблем со ненавремено отворање на усисните вентили при ниски вртежи затоа и тркачките мотори едвај работат при ниски вртежи. За да се надминат овие проблеми, се применуваат разни трикови, варијабилни брегасти, резонантно тјунирани пленуми, усисни гранки со променлива должина, итн, за да се оптимизира протокот (или дотокот) на воздух во цилиндрите.
Кај дизелите нема потреба од вакви трикови, бидејќи вртежниот ранг е релативно мал, 3000 вртежи се у прашање од лер-гас до максимална снага, а не 6.000 или 80000 вртежи.
Секако, натполнењето ги решава овие проблеми без око да му трепне