Ден и 1/2 е поминат како не е начната темата. Во меѓувреме, дизелашите ја намалиле разликата

Едно субјективна споредба на едно дизелашиште и едно бензинче. Лично мое мислење.
Два дена возев VW Passat 2.0 TDi 140hp. Не дека сакав, ама силом прилике

Со оглед дека колата е 2008 или 2009 не сум сигурен, не станува збор за антички дизел.
При самото палење на колата, точно знаеш со што си имаш работа. Работи гласно и додека е ладен моторот се осеќаат вибрации. Бучен е и тоа многу и во секој режим на работа (нека ми прости ЛП, на отворено немав можност да го возам, строго градска).
Му треба прилично време за да постигне работна температура.
Максималниот вртежен момент од 320Nm, каталошки, е достапен при 1800врт/мин, во реалност повеќе е околу 2000врт/мин. А тоа е веќе скоро половина од максималниот број на вртежи со кои може да работи. Под 2000врт/мин снага нема. Односно има, ама не доволно. Да, кога ќе стигнеш до 2000 тогаш се осеќа снагата, нагло, како да те повлекол некој. И доста добро тегне во тој режим, но кратко. Смени брзина, па пак. За местење кичма е измислен

Потроши 0,5 литри во просек на 2 исти рути кои ги возам во ист период и во ист стил со моето бензинче, што е одлично кога ќе се земе во предвид големината, тежината и работната зафатнина на возилото.
Едвај чекав денес да си седнам во мојата кола. Ја запалив и почекав едно 2 минути, само да ми се избистри мозокот и ушите.
Бензинчево многу полесно се движи, значи се осеќа леснотија во движењето. Двете коли имаат серво, нормално, ама дизелашиштено тежи бре и тоа тежи асално и тоа се осеќа асално на волан.
Бензинчево многу порамномерно ја развива снагата. Го нема моментот нема, нема, па безбол палка во грб. Просто кажано, ЈАС повеќе уживам и поголемо задоволство ми праат 200Nm од 1500 отколку камионските 320Nm при 2000врт/мин. Посебно што може да си сменам таму некаде горе, а не на 3500. Неморам и немам потреба, ама можам.
Верувам дека кај новите CR мотори овие маани се минато, бар од кажување и од читано. Но за мене сега за сега дизел е no, no. Се имам возено во истиот модел Пасат само 1.8TSI и многу порелаксиран е амбиентот внатре

Само да споменам, имав Ибица 1.9D, па Леон 1.9ТDi 110hp. Бензинчево си дојде после. И во ниеден момент не сум се покајал или сум помислил дека сум згрешил кога станува збор за бензин VS дизел.
Фала, може да почнете
