Јас едно време неќев да чујам за дизел. Трактори. Чадат ко РЕК...
Бензинец возев, Лада Самара. Да да, на бензин ја возев, не на плин. Сите почнаа да купваат дизелчиња, јас упорно на бензин, со ламарината руска. Ми велеја:
- Само ти остана со колава стара, сите изнакупија Опелче, Голфче...
- Намерно ја возам ламаринава, да не речам олдтајмеров. На бензин, да се знај кој е чорбаџија бе! Не му треба на чорбаџија кола економична. Нека троши, да се знај!
Реалноста поинаква беше. Чорбаџијата немаше пари плинче да си клај, немаше сол в очи да си фрли...
Со 'рмбање, одваму од таму се потспечале некој грош.
Кога дојде време да се купва кола, Пасат дизел ми беше многу згоден, за разлика од ламарината руска. Не ми чадеше толку многу колку шо си замислував и не ми се виде како трактор...
Пасатот се покажа како добра инвестиција, па макар шо е дизел и чади
