А-ха да, In your dreams. Едвај 6л троши пунто со 1,3 JTD со мотор со не знам каква ефикасност, а исто така и Голф1 од 75-та? На некој неискусен тие муабети. Моето Пежо со 1,8Д под 7,5 никогаш не сум го симнал. Прајте си бајрам на мозокот.
1. помала кубикажа не значи секогаш помала потрошувачка! На пример, 1.9 SDI троши помалце од 1.4ТDI. А во рамките на една иста генерација мотори, потрошувачката повеќе се познава според максималната коњажа отколку според кубикажата. Повеќе ќе троши моторот со повеќе коњи, а не со повеќе кубци. Отрувте со тоа кубиците, ОТРУВТЕ!
1.а. дури и пред 30 години волуметриската ефикасност (ciao Симо come stai) на дизел моторите и понатаму била прилично добра - околу 30-40%. Дизел од пред 30 години е и даље поефикасен од супермодерен TSI бензинец.
2. потрошувачката ти ја кажуваат баш луѓе од искуство. Барем голфови кецови дизели не фалеле кај нас.
3. чим не си го симнал
никогаш под 7.5 (само ги користам твоите зборови) тогаш или си го возел на непотребно високи вртежи ко да е бензинец, или моторот бил дефектен и искачал бело-плав чад од позади. нема трето. не може у црна рупа да исчезне горивото. Бензинот може во арбитрарни количини да се претвори во топлина, но дизелот не.