Јас глеам вака на работата:
Нема потреба никој никого да убедува што е подобро. Убедувањето се сведува на субјективни моменти, а секој од нас субјективно гледа на работите, и сосема е нормално секој да си го брани своето. И едната и другата опција си имаат свои предности, кои им се помалку или повеќе важни на луѓето.
Јас возам турбодизел. Нисколитражен атмосферски бензинец (шо би рекол ЛП, косилица) не би возел. Неам мерак на малецко моторче да му ги вадам ѕрцките за да извадам какви-такви перформанси. Високолитражен атмосферец би возел, или некој врискачки V-Tec (као рецимо тој во Интеграта на Банзаи). Турбо-бензинец би возел, али кај мене игра улога километражата што ја проаѓам на годишно ниво, па одбрав дизел. Кога ќе дојде ред да се израмнат цените на бензинот и дизелот, и разликата во цената на горивото да не е толку голема, дефинитивно би возел бензинец.
И многу би сакал еден турбо-бензинец као второ возило. Рецимо Голфот на Томи, за да го вадам од гаража еднаш неделно и да уживам прописно.