Читајќи ги постовиве, се доаѓа до заклучок дека вашите оценки за тоа дали дизел или бензин се субјективни размислувања, од типот колку лепело, колку развивал. Правите споредби со турбо бензин и турбо дизел и доаѓаме до заклучок дека разликите се во границите до 2 секунди и ништо повеќе и во реалност при нормално возење нема ни да се осети сето тоа, а ке имаш помала потрошувачка на гориво. Дизелот уште од почеток имал повеке влечна снага, доказ е тоа дека во ниту едно товарно возило, особено камиони и автобуси, не се вградуваат бензински мотори, се дизели, всушност тоа е и намената на дизелот, да влече и помалку да троши.
И да за крај, штом има толку субјективни мислења, па еве и ја ке повторам, би одбрал дизел, па макар бил и голф 1 со 1.6д мотор