Maserati подготвува освежување на гамата со два сосема нови модели. Станува збор за наследник на големиот Quattroporte и за еден помал седан како конкурент на Jaguar XF и на BMW Серија 5.
Споре информациите кои доаѓаат од Maserati новата генерација на Quattroporte ќе биде поголема, попорсторна, полуксузна и ќе носи иновативна техника која доаѓа како резултат на бракот со Ferrari.
Во информациите стои дека новиот седан ќе биде подолг 50 mm, а поширок за дури 150 mm. Ќе нуди повеќе простор по ширина посебно на задната клупа и ќе има значително поголем багажник кој од сегашните 450 ќе нарасне на 557 литри.
Без оглед на растот тежината ќе биде пониска за повеќе од 100 kg кои со помош на модернизираните погонски спреги ќе ја намалат потрошувачката за 30%, или од сегашните 15,7 за најмоќната изведба со 440 КС на 10,9 l/100 km.
Моторот е постоечкиот 4.7 литарски V8 кој со модернизирањето ќе ја зголеми моќноста на 475 КС кои ќе ги испраќа до сите четири тркала преку нов осумстепен автоматик со вграден систем Star&Stop.
Помалиот седан на Мaserati чие име сеуште не се открива ќе носи мотор на Chrysler. Станува збор за 3.6 литарскиот V6 Pentastar кому ќе му бидат додадени два турбо полначи. Неговата моќност не се открива.
Покрај Pentastar се планира и дизел, прв во историјата на Maserati. Тој исто така ќе биде V6 со два турбо полначи и ќе испорачува преку 300 КС и камионски вртежен момент од преку 700 Nm.
Двата седани на светот ќе му бидат прикажани во 2013 година, а една година подоцна на пазарот ќе пристигне и SUV на Мaserati поставен на основата на Jeep Grand Cherokee, а во 2015 година пристигнува наследникот на GranTurismo.
http://vozi.com.mk/vesti/maserati-sprema-ofanziva.html