Гласање

Choose your destiny!

Бензин
240 (58.4%)
Дизел
171 (41.6%)

Вкупно гласови: 411

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2171103 пати)

Отсутен zippo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #525 на: 13 Јануари 2012, 07:19:41 am »
.
« Последно менување: 05 Мај 2012, 02:07:47 am zippo »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #526 на: 13 Јануари 2012, 09:20:35 am »

;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #527 на: 13 Јануари 2012, 09:25:14 am »
Што ќе се случи ако истиот дизел мотор се приспособи да работи на бензин?

Toa e невозможно. Заради огромните разлики во компресијата, бензинот ќе се пали неконтролирано.

Таквиот мотор никогаш нема да заврши ниту еден циклус од четири такта.

Во светот на бензинците, најслично нешто на дизел-мотор во концептот на работата се новите FSI/TSI и слични мотори (кои, патем, многу ме бендисуваат). Меѓутоа, кај нив компресијата е и понатаму многу помала отколку кај дизелите. МОРА да биде многу помала, поради законите на термодинамиката.

А, да, и понатаму трошат многу. FSI/TSI вади момент на ниски вртежи слично како дизел, но со голема цена во потрошено гориво.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #528 на: 13 Јануари 2012, 13:18:20 pm »
Јас реков да се прилагоди. Имам нешто слушнато ама уште не ми е сигурно. Понатака за тоа.

Е сега во светот секаде освен тука кај нас нафтата е поскапа. разликата во потрошувачка и не е толку голема помеѓу ТД иТБ. Можете да проверите ако сакате. А кад тад и кај нас ќе биде.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #529 на: 13 Јануари 2012, 13:24:01 pm »
На аутопут никад не ни била толку голема разликата. Но кога ќе почнеш низ гужва у град да уживаш во голем момент на мали вртежи...

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #530 на: 13 Јануари 2012, 13:25:03 pm »
Значи и со турбо бензинец го имаш тоа. Што ти е поентата?

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #531 на: 13 Јануари 2012, 13:31:57 pm »
Golf V 1.4TSI-140ps
220 Nm (163 lb-ft)

Golf V 2.0TDI-140ps
320nm@1750

За торк збориме Члинк

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #532 на: 13 Јануари 2012, 13:37:30 pm »
Значи и со турбо бензинец го имаш тоа. Што ти е поентата?

Поентата ми е дека, за разлика од дизелашите, голем момент на мали вртежи кај бензинците значи и голема потрошувачка. Порано такво нешто не беше воопшто можно, а сега е можно, но по цена на голема потрошувачка.

Сакам да кажам дека TSI/FSI моторите не трошат значајно помалку од обични модерни бензинци. Имаат подобрни возни својства, апсолутно, но не и подобра потрошувачка.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #533 на: 13 Јануари 2012, 13:42:54 pm »
Golf V 1.4TSI-140ps
220 Nm (163 lb-ft)

Golf V 2.0TDI-140ps
320nm@1750

За торк збориме Члинк

Не знам ацка ама не му иде торкот во прилог на дизелов.

Значи и со турбо бензинец го имаш тоа. Што ти е поентата?

Поентата ми е дека, за разлика од дизелашите, голем момент на мали вртежи кај бензинците значи и голема потрошувачка. Порано такво нешто не беше воопшто можно, а сега е можно, но по цена на голема потрошувачка.

Сакам да кажам дека TSI/FSI моторите не трошат значајно помалку од обични модерни бензинци. Имаат подобрни возни својства, апсолутно, но не и подобра потрошувачка.

Значи се држиш на потрошувачката. А јас ти викам дека веќе сегде во светот е поскапа нафтата, и разликата на потрошувачка е занемарлива, наскоро ќе биде и кај нас. Провери види . Не за џабе почнаа толку да ги произведуваат на страна. Кај нас слабо уште, зошто уште држи цена нафтата. Знаеме дека сме ние доста назад, и за добри и за лоши работи.

Значи наскоро за истите пари (потрошувачка) ќе можеш да возиш и ТД и ТБ. Што му се следните адути на дизелот? КОга веќе звук нема. И немој да ми пуштате некој звукови од дизели кој везе немаат и само се залажувате.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #534 на: 13 Јануари 2012, 13:49:29 pm »
Сакам да кажам дека TSI/FSI моторите не трошат значајно помалку од обични модерни бензинци. Имаат подобрни возни својства, апсолутно, но не и подобра потрошувачка.
Јас нема да се согласам со твојата констатација. Конкретно, мојата Мазда 6 со 1.8 литри атмосферски бензинец со 120КС максимална моќност на 5500 вртежи троши во просек за 20% повеќе одошто Пасат 1.4ТСИ со 122КС максимална моќност. Притоа Пасатот е многу поагилен и поенергичен при возење одошто мојата Мазда. Стилот на возење на пријателот со Пасатот е речиси идентичен како мојот, но дополнително доказ за сето тоа е возењето на една иста дестинација Скопје - Охрид еден покрај друг. Пасатот извади просек од 7.5 литри на 100км, а Маздата 9.1 литри. Тоа околу 21% поголема потрошувачка во однос на Пасатот и во никој случај не е бројка во маргина на грешка.
Во контекст на ова ќе го посочам Марјанот кој е член на форумов и кој со домаќинска вожња истата дестинација успеа да ја извози со Леон 1.4 ТСИ 125КС и просечна потрошувачка од 5.5 литри на 100км. Тоа не го може ниту еден атмосферец со габаритот и тежината на Леон.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #535 на: 13 Јануари 2012, 13:52:22 pm »
Не ја следам темава од почеток, не знам дали некој размислувал слично,  па еве едно онака мое брејншит размислување:
 
Да го земеме најдобриот 2.0 турбо дизел моментално (со 190-тина коњски сили) на една страна
Да го земеме најдобриот 2.0 турбо бензинец моментално (со  245-тина коњски сили) на друга страна.

јас за пример ги земав BMW новиот твин турбо бензинец и Опел 2.0 твин турбо дизелаш. Бољи примери од овие - нема (може и има, ама не се масовно достапни) :)

Бенизнец: Обртен момент: 350Nm/1250rpm  а со новиве турба го задржува истиот или приближен обртен момент, се` до 5.000 вртежи, кога постигнува и максимална сила (245кс)

Дизел: Обртен момент 400Nm/1750-2500rpm, максимална сила има на 4000rpm. (190ks)

Од моите познавања, силата е производ на бризната на ротирање и обртниот момент.
Ако обртните моменти се приближни на двата дволитарски турбо мотори - а бензинскиот мотор има можност повеќе да се врти (неговата брзина на ротација е за 25% поголема), неговата снага е очигледно поголема (за отприлика исто толку проценти).

Обата мотори се многу слични по издржливост - нивните интерни елементи се создадени да ги истрпат тие големи оптеретувања од момнетите на силите (обртниот момент). Веќе сите производители на мотори знаат како да направат мотор за еден просечен животен век на аутото - а тоа е пресметано на некои 300.000-500.000 км, ова е така, бидејќи капитализмот наметнува потрошувачко општество, каде се` се фрла после одреден период - а не се поправа (почнувајќи од фен па до автомобил)

За мене - победникот во борбата за сила е повеќе од јасен! Дизел може да се бори само на полето на економичност, но само ако ги постигне поефтините интервали на одржување на бензинците во однос на дизелите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #536 на: 13 Јануари 2012, 13:56:10 pm »
Некаде имавте напишано дека нов Голф 6 ТСИ кошта да речиме 17 000€, а нов ТДИ 20 000. Тоа е 3000€ разлика. Слично нешто разлика беше и лансер, бензин - дизел.
Што значи дека бензинецот од старт располага со 3000€ гратис гориво. Тоа значи дека има 2300л гориво. А со тоа ќе помини, со просечна потрошувачка од 7л/100, 32000км (приближни се пресметкиве). Значи после 32000км, веќе дизелот е во предност. А ако земам дека просечна годишна помината километража е 10 000км, значи за 3 год, ќе бензинцот ќе биди во зијан.

Па за 3 год, нова кола ќе си купам ;D ;D ;D

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #537 на: 13 Јануари 2012, 13:57:59 pm »
За 3 години нафтата ќе биде поскапа од бензинот.  ;D ;D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11810
  • Архитект
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #538 на: 13 Јануари 2012, 13:58:23 pm »
Сакам да кажам дека TSI/FSI моторите не трошат значајно помалку од обични модерни бензинци. Имаат подобрни возни својства, апсолутно, но не и подобра потрошувачка.
Јас нема да се согласам со твојата констатација. Конкретно, мојата Мазда 6 со 1.8 литри атмосферски бензинец со 120КС максимална моќност на 5500 вртежи троши во просек за 20% повеќе одошто Пасат 1.4ТСИ со 122КС максимална моќност. Притоа Пасатот е многу поагилен и поенергичен при возење одошто мојата Мазда. Стилот на возење на пријателот со Пасатот е речиси идентичен како мојот, но дополнително доказ за сето тоа е возењето на една иста дестинација Скопје - Охрид еден покрај друг. Пасатот извади просек од 7.5 литри на 100км, а Маздата 9.1 литри. Тоа околу 21% поголема потрошувачка во однос на Пасатот и во никој случај не е бројка во маргина на грешка.
Во контекст на ова ќе го посочам Марјанот кој е член на форумов и кој со домаќинска вожња истата дестинација успеа да ја извози со Леон 1.4 ТСИ 125КС и просечна потрошувачка од 5.5 литри на 100км. Тоа не го може ниту еден атмосферец со габаритот и тежината на Леон.

Мхм хмх лансер 1.5  5.5 просечна потрошувачка, ќе ти пиши Тино на кратко. Нормално дека не ја има истата снага како леонот, ама во случајот на ниска потрошувачка и крузање по автопат не е ни битна.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #539 на: 13 Јануари 2012, 13:58:35 pm »
Некаде имавте напишано дека нов Голф 6 ТСИ кошта да речиме 17 000€, а нов ТДИ 20 000. Тоа е 3000€ разлика. Слично нешто разлика беше и лансер, бензин - дизел.
Што значи дека бензинецот од старт располага со 3000€ гратис гориво. Тоа значи дека има 2300л гориво. А со тоа ќе помини, со просечна потрошувачка од 7л/100, 32000км (приближни се пресметкиве). Значи после 32000км, веќе дизелот е во предност. А ако земам дека просечна годишна помината километража е 10 000км, значи за 3 год, ќе бензинцот ќе биди во зијан.

Па за 3 год, нова кола ќе си купам ;D ;D ;D
Фрли го и (релативно)поскапото и (сигурно)почесто одржување, и со бројката стигнуваш до 5 години :)