Не ја следам темава од почеток, не знам дали некој размислувал слично, па еве едно онака мое брејншит размислување:
Да го земеме најдобриот 2.0 турбо дизел моментално (со 190-тина коњски сили) на една страна
Да го земеме најдобриот 2.0 турбо бензинец моментално (со 245-тина коњски сили) на друга страна.
јас за пример ги земав BMW новиот твин турбо бензинец и Опел 2.0 твин турбо дизелаш. Бољи примери од овие - нема (може и има, ама не се масовно достапни)

Бенизнец: Обртен момент: 350Nm/1250rpm а со новиве турба го задржува истиот или приближен обртен момент, се` до 5.000 вртежи, кога постигнува и максимална сила (245кс)
Дизел: Обртен момент 400Nm/1750-2500rpm, максимална сила има на 4000rpm. (190ks)
Од моите познавања, силата е производ на бризната на ротирање и обртниот момент.
Ако обртните моменти се приближни на двата дволитарски турбо мотори - а бензинскиот мотор има можност повеќе да се врти (неговата брзина на ротација е за 25% поголема), неговата снага е очигледно поголема (за отприлика исто толку проценти).
Обата мотори се многу слични по издржливост - нивните интерни елементи се создадени да ги истрпат тие големи оптеретувања од момнетите на силите (обртниот момент). Веќе сите производители на мотори знаат како да направат мотор за еден просечен животен век на аутото - а тоа е пресметано на некои 300.000-500.000 км, ова е така, бидејќи капитализмот наметнува потрошувачко општество, каде се` се фрла после одреден период - а не се поправа (почнувајќи од фен па до автомобил)
За мене - победникот во борбата за сила е повеќе од јасен! Дизел може да се бори само на полето на економичност, но само ако ги постигне поефтините интервали на одржување на бензинците во однос на дизелите.