Ајде малку да ја живнам темава.
Во моментов имам на тест возило од VAG групацијата, со 2.0 литарски TDI CR и 170 коњски сили. Да не е смотаниот CVT мењач, возилото би било одлично.
Моторот работи многу тивко и без никакви вибрации во внатрешноста. Повлекува одлично и без никаков напор. Потрошувачката (според борд) во град е околу 8 литри на 100 километри при сосема нормално возење. Од тие 8 литри, најмалку 1 литар би се намалила ако се користи нормален мануелен мењач место CVT. Значи, во реалноста, 7 литри на 100 километри за 170-коњски дизел, во возило тешко 1500 килограми. Сасвим добро.