Ете за денешни стандарди успех е да најдиш каталог од цитроен и да според некои коли иако тоа никој не ти го побарал. Ако читаше малку ќе видеше дека ги споредував моделите по бучност, дизелашот исто бучи како новиот турбо бензинец дури у во лер. Додадов и некои останати карактеристики на новиот бензинец, кој воопшто не импресионира.
Чуден нарав си ЛП, пола тема ја угуши со задоволство во возење, еластичност и качување на Стража во 5-та, а кога ќе се доведат на рамниште бензинецот и дизелот со податоци, одеднаш никој не ги побарал истите и бучноста била предмет на разработка.
Спушти ја малку топката, утре/задутре ќе има собир, треба да се видиме, да се поздравиме, а не да се гледаме со презир.
Сите понови модели (и бензин и дизел) имаат одлична акустична изолација во кабината, на производителот е да утврди дали сака да допринесе со спортска нота во возењето или сака подомаќински модел да понуди на пазарот. Примети кај новите модели дека се вградуваат кај вратите дупли гуми со посебна архитектура, VW за првпат во 6-ката вградува посебна изработка на шофершајбна со тенок филм за акустична изолација...
Верувај, НЕМА разлика помеѓу современ дизел и современ бензинец и од аспект на акустичност и од аспект на перформанси. Економичноста е клучна. Затоа и се преоѓа кон бензинци со помала кубикажа со турбо натполнење, за да се намали потрошувачката, а да се задржат перформансите на високо туражна кола.
И да, спомна Велештрумф погоре, дизелите може тропаат на пониски вртежи, бензинците може се побучни на високи, ама мислам дека нема понуда во моментов на автомобил без радио, сам на себе оставаш колку сакаш да уживаш во звукот
