Друже, впрскување во комората за согорување во 95% од случаите се однесува на дизел мотор, кај ото мотор има 3 фази. Фазите немора да ги гледаш како фази од по 5 минути туку од по неколку милисекунди или микросекунди. Малку траат но сепак постојат и нивното времетраење и облик значајно влијаат врз перформансите и сигурноста при работата.
све све, само линк не
кога ти викам „дај линк“
не сакам да кажам „ова што го велиш не е точно и ќе докажам со тоа што не можеш да најдеш линк“
туку сакам дак кажам „ова не ми е познато, може линк да ми даеш да прочитам за да се образувам, баш би сакал да научам“
ја колку што имам читано за согорување во дизел се зборува за три фази: доцнење на инјекторот (латенција), прво горење (тука е она штракање на дизелот и тоа е она што ја го нарекувам „одма“) и второ горење (кога догорува она малку горило што не изгорело во првото горење).
при првото горење гори скоро цело гориво, ПОСЕБНО кај модерните инјектори. Она малку што ќе остане - да - формира некаква смеса на (остатоци од) гориво, но тоа е далеку од концептот за „смеса“ на гориво и воздух каков што го користиме кај бензинците!
ако ми дадеш линк, ќе можам да се себеобразувам и да дознам која е таа четврта фаза
ја гуглам со квери "four phase diesel combustion" ама слабо ми иде. Ако имаш некоја боља идеја за квери - кажуј. Ама линк готов ако имаш - најубаво
денес, а ни утре нема да заработам поише пари ако се објаснувам со било кој за било што на автомобилски форум... така да веруј си во што сакаш и води инат
како сакаш