Момент на сила сакаш да кажеш?
па да, но тоа резултира со вртлив момент на радилицата
Треба време за да се делува на објектот и да се задвижи, нешто како 2 stage rocket. Ти можеш целото гориво на ракетата да го запалиш одеднаш, но многу поефикасно движење ќе се добие ако се даде во повеќе удари. Иако во тој случај се користат и различни горива, но поента сакав да доловам. 100Ns може да ги распределиш на различни начини.
не дека не си во право, но мислам дека аголот кој го зафаќа клипот со радилицата има голема улога. Ако клипот е (замисли) неподвижен и ако има експлозија во TDC, на радилицата имаш вртлив момент нула. Но, ако главното притискање клипот го направи пред 90%, тогаш речиси целата енергија ќе се претвори во вртлив момент на радилицата.
Кога возиш точак и се качуваш на педаљата не кога е најгоре, туку кога е спуштена надоле. Тогаш твојата тежина се трансформира во највеќе пропулзија.
не го кажав сево ова најубаво, ама ваљда се разбира