Добро, се читате ли што пишувате? Погледнете во долен десен агол од вашиот монитор и погледнете го датумот, за тие што незнаат живееме во 2013 година. Какво смрдење на бензин, смрдење на плин, тресење на дизел и смрдење на нафта? За колите од кој век зборите? Колку што сум запознаен кај денешните возила, па и кај тие пред многу години се надминати овие проблеми.
Цело време само инат си водите, едните за дизел едните за бензин, со причини кои немаат благе везе со денешните возила. Ама па што зборам и јас, да не се водеше со сила инат немаше темава да има 421 страна.