Годишното осигурување, регистрација и технички преглед коштаат околу 12.000 денари. Исто колку и на Симо Алфата.
Редовен сервис кошта околу 9000 денари. Во официјален, овластен сервис каде добивам гаранција за сработеното. Доколку сам си ги набавам деловите и отидам кај Маршер да го направам сервисот, истиот ќе ме чини околу 4500 денари. Јас одбирам да го правам сервисот во Порше. Сервис за Golf 1.4 TSI 122 во Порше чини приближно исто, односно околу 1000 денари е разликата.
Првенствена причина ради која земав дизел беше немањето стрес кога ќе треба да седнам во кола и да отидам некаде, односно да не размислувам и да не се воздржувам.
Да не се лажеме, тоа е
истата причина ради која сите вие стаивте плин.
Плус, ми се свиѓа торкот. Ми се свиѓа опуштениот карактер на возење дизел. Ми се свиѓа и опуштената потрошња од околу 6 во град. Еве, Томе може да потврди, он ми го вози Голфот повеќе од мене во последно време.
