Интересна тема за дискусија ова за дизелашиве. Интересно е и дека Џиџи станува како ПетарМКД, ама тоа е сосема друга тема за дискусија.
Нејсе, малку мои (субјективни) гледишта, како возач на дизел.
Не може да се очекува од просечниот граѓанин точно да знае колку и како загадува неговото возило. Во земјите на ЕУ дел од даноците се одредуваат преку количеството на СО2 - а тоа е некаква индикација на количеството загадување. Просечниот купувач (кој не знае ништо за честички, тра-ла-ла) го гледа нивото на СО2, гледа дека кај дизелот е пониско од соодветниот бензинец, си го купува дизелот. Тоа му е сервирано од производителите, од постоечката легислатива и закони, и од оние кои ги одредуваат тие легислативи и закони. Човекот што купил дизел спие мирно.
Секако, неизбежен е и муабетот околу цената. Еве, минатиов викенд возевме модерен, плаг-ин хибрид-електричен автомобил. Има екстремно ниска емисија на ЦО2 - околу 45-50 грама на километар. Супер. Мерак во возење? Као просечен SUV, само утепан ради CVT менувач. Звук? Ахахахаха.. Цена? „Смешни“ 42.000 евра. Со оглед на тоа дека компаративниот дизел (со подобри перформанси, помалку главоболки околу батерија, итн) чини цели 10.000 евра помалку, муабетот веќе станува.. Како да кажам...