Можно е и сите да се ослободени, јас не ги видов во тој правилник, ама гледам дека на други линкови се спомнати. Можно е да сум ги промашил.
Во секој случај, властите решаваат да поддржат одредена технологија, затоа што сметаат дека тоа ќе донесе помало загадување. Не е поентата да те ловат дали навистина користиш само електричен погон или плин додека си во главниот град, туку да ги поттикне возачите да се префрлат на тие решенија.
Меѓу нив можеби ќе има некој како Крел кој во никој случај не сака да вози на плин, но повеќето нема да вградат плински уред кој ќе им користи само за да не плаќаат такса. Кога е веќе монтиран ќе го користат. И така веќе го избушиле возилото, на старо кога ќе го продаваат, купувачите ќе им викаат „ама ти на плин си го возел, јас ќе треба сега на вентилите ремонт да им правам“. Најголемата загуба веќе е настаната. Од тој момент натаму можат само да добијат.