Значи ти тотално ја негираш валдиноста на гласањето во овој тред.
Не бе симо, аман! Лилеееј
Гласањето си е валидно. Повеќето луѓе преферираат бензинец. И тоа си е во ред. Валидно, точно итн.
Само што, за разлика од тебе, не сметам дека резлутатите од инаку супервалидното гласање ќе му помогнат на некој кој се двоуми меѓу бензин и дизел, пошто тој си е индивидуален човек со индивидуални потреби.
Замисли некој човек се двоуми меѓу купување бензин и дизел и бара помош од нас.
Јас би го прашал за што му е колата, колку ќе ја вози, по какви патишта, има нема фамилија, ово, оно... 100 прашања ќе му поставам пред да му одговорам „за тебе е бољи бензин“ или „за тебе е бољи дизел“.
Ти, што? Ќе му кажеш „еве глеј 60% гласале за бензин, значи подобро е бензин да земеш“???
Дај не заебаај сеа и ти мајкуму
Ти не сфати до сега дека ако некој преферира бензин и си стои зад своите преференци, џабе ти се сите борби, и аргументи, и што сака нека е, колку сакаат нека се (или не се) валидни?
Aбе како викаат, if you can reach one person...
Зошто воопшто постои форумов за дискутирање и оваа тема? Може некој преферира бензинец пошто сите дизели до сеа што ги видел биле канти. Затоа јас ќе се трудам да му кажам дека „не, не чадат сите дизели, не се спори сите дизели, можеш да уживаш и со дизел...“. Што е тука проблемот? За кој кур постои институцијата дискутирање, ако не за да се смени нечие мислење?
Доколку мислењето барем на некого НЕ МОЖЕ да му се смени, дисусијата веќе не е дискусија. Таква „дискусија“ нема никаква поента. ОСНОВНАТА цел на дискутирањето е менување на постоечките убедувања под тежината на новите сознанија и валидни аргументи. За ништо друго не е дискусија.