Која е поентата да се споредуваат дизелаш и бензинец со по 60кс? Се знае, наместен натпревар во кој дизелот не може да изгуби.
Пресметката по која се добива таа вредност 60кс, ги зима во предвид перформансите при крајот на вртежниот опсег. Затоа што дизелашите се послаби во тој опсег (за иста цена, иста маса и иста зафатнина) од бензинците, за да најдеш дизелаш со 60кс ќе треба да земеш многу повеќе пари и да купиш мотор со поголема зафатнина што тежи повеќе. Притоа тој мотор ќе има повеќе сила во остатокот од вртежниот опсег, кој не е фактуриран во бројката 60кс.
Истата таква наместена неправедна споредба може да се направи во другата насока, ако се споредуваат бензинец и дизелаш со ист максимален вртежен момент.
За да има бензинецот ист максимален вртежен момент, треба да биде поскап од дизелот, при што заради поголемиот вртежен опсег, ќе може да користи многу пократки преноси и како резултат на тоа ќе биде многу побрз од споредуваниот дизелаш.