Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 469575 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Абе сеа ја таква информација добив, дека деловите кои ги рекламираат што ги увезувале, прошле покрај марките за кој мислиш дека се, дека се било кинеско.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Е добро де, пуно брендови си имаат фабрики во Кина како на пр. Continental, Brembo, Valeo, Hengst итн. Продавнициве кај нас си зимаат од кај што им е најевтино.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #782 на: 14 Јуни 2015, 23:29:28 pm »
Ima razlika od kinesko do kinesko. Kontrola na kvalitet i koristeni materijali e bitnata rabota

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен dejkom

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #783 на: 20 Јули 2015, 23:47:53 pm »
Форд Фиеста 2007 1,25 сет ребраст и линиски ремен со работна рака (со дддв) 13000,00 мкд Во овластен сервис?
Што мислите, многу е или е ок?
Е комплицирана работа да мора на овластен сервис?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #784 на: 21 Јули 2015, 00:46:49 am »
Таа си е цената за овластен сервис. Добиваш гаранција на деловите и најбитно - сработеното. Тоа си влече и повисока цена.
Да ги бараш сам деловите и да ја носиш во сервис по твој избор несомнено ќе поминеш поефтино.

Според мене, многу се ретки моторите за кои е потребен посебен алат за промена на ребраст ремен. Фиестата нема еден од тие мотори, така да промената може да ја изврши било кој образован и паметен сервисер.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #785 на: 21 Јули 2015, 07:50:57 am »
И јас пред еден месец ја имав истата дилема (2008 Фиеста, 1.4 бензин), дали во официјален (мене 14000 ми побараа во мојот град) или во „неофицијален“. По препорака на повеќе пријатели кои возат Фордови, ја однесов кај друг мајстор, ме фати 9000 истата промена, со релативно квалитетен сет каиши (ContiTech или Continental стави, не ме држи за збор). Односно, со разликата во цената гратис ми дојде останатиот сервис во Форд официјалниот сервис (масло, филтри...). Што знам, јас во принцип сум задоволен и од официјалниот сервис на Форд, ама оваа година бев малку тенок при пари и затоа таква одлука донесов. Досега сум ептен задоволен во возењето, колата е малку потивка, посмирено работи. Ако си при пари, оди во Форд, ако не, направи како што направив јас (и така треба промена на масло и филтри да правиш годинава).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #786 на: 21 Јули 2015, 07:56:59 am »
Во принцип си требал обратно да направиш. Филтри и масло да смениш било каде а сет каиши во овластен сервис.

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #787 на: 21 Јули 2015, 14:16:53 pm »
Можеби, не велам не. Но сепак, истиот основен сервис кај некој сервисер со масло и филтри од сличен квалитет на Motorcraft, би ме чинел многу повеќе од 4000 денари, колку што е на промоција во Форд. А ако одлучев да правам сервис за каиши во Форд, дефинитивно ќе сакав во МиДа во Скопје, а не кај мојот локален „официјален“ Фордов, па собрано-одземено со бензин и патарини пак ќе ми дојдеше исто. Мајсторот ми го препорачаа околу 5-6 другари што возат нови Фордови (тие не ги правеа ниту обичните сервиси во Форд, јас на почетокот морав бидејќи возилото ми беше на кредит), така да по долго мозгање одлучив така. Плус тоа мајсторов деловиве ги набавува во Солун, а ми рекоа дека Conti... со Motorcraft се тука некаде по квалитет. Времето ќе покажи. Наредно планирам антифриз да сменам во официјалниот Форд сервис (на акција им е), а масло во менувач кога ќе дојде на ред кај другиов мајстор. Ќе комбинирам некако :)

Отсутен dejkom

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #788 на: 22 Јули 2015, 23:40:07 pm »
На другар ми му наплатиле 13.000 денари, а мојот мајстор ремени со работна рака би ја завршил работата за 7000 денари.
Ме интересира дали е многу комплицирана работа? Разликата не е воопшто мала.

Отсутен Mikroos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 921
Одг:
« Одговори #789 на: 05 Август 2015, 21:49:37 pm »
Me interesira dali nekoj znae odprilika cena iki ima menjano chauri za vw vozilo, potocno se raboti za vw touran 2005 godina. Mene mi kazaa cena vo ovlasten, pa me interesira vase iskustvo ako ne so ovaa kola so nekoja slicen model od vw grupacijata

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #790 на: 14 Август 2015, 22:06:38 pm »
Вчера го носев Голфот на прв редовен сервис во Порше. На мое барање бев присутен за време на сервисот. Иако имав закажан термин во 10:00 ч сервисот почна со задоцнување поради редуцираност на персоналот во 13:45 и траеше околу еден час. Многу несериозно за овластен сервис од нивен ранг особено за клиент кој доаѓа од друг град.

Променија масло во моторот (4 литри по фактура иначе собра нешто повеќе, околу 4 литри и 200 мл.)
Филтер за воздух и
Филтер за полен.

Се вкупно 8990 ден.

Инаку ме прашаа дали си ги сакам старите филтри или да ги фрлат. Тие 200мл масло за моторот не ги ставија во фактура. Им напоменав дека сакам масло од тубички а не од буре и така и направија. Истото беше пред мене отворено.

Customer Service на нивоу, љубезен персонал особено дечкото што го вршеше сервисот (Дејан) кој воопшто не му беше проблем да ми одговори на прашањата кои ги имав.

Еве ја фактурата. Се работи за Голф 7 1.2 ТСИ 86 коња, мотор 63 киловата, произведен Декември 2013.

http://i.imgur.com/HZhtUVm.jpg[/img]]

Едит: Заборавив да ставам и Филтер за масло.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #791 на: 14 Август 2015, 22:11:56 pm »
Нели јак аргумент во бензин вс дизел беше дека бензинецот имал ефтин сервис ? :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #792 на: 14 Август 2015, 22:31:58 pm »
Еве како изгледа на дизел (исто вчера правен сервис, на 2.0tdi golf VI), со масло од буре:



Додади уште 1200 (1000+ддв) за филтерот за воздух (кој беше сменет претходно, поради промена на кутијата за воздух), и ќе дојдеш до сумата на комплетен сервис на дизел.
Верувам доколу е користено масло спакувано во шишиња наместо на ангро, ќе биде уште 1000-че повеќе.
Препораката на Порше е сервис да се прави на 10.000км или 12месеци на дизелите (како што се прави и на овој дизел од примеров), па испаѓа поприлично поскапо, со оглед на тоа дека на бензинците е барем 20.000 и 2 години.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #793 на: 14 Август 2015, 22:54:08 pm »
Нели јак аргумент во бензин вс дизел беше дека бензинецот имал ефтин сервис ? :)

не таков сервис... овој сервис е горе доле ист со бензинците... другите сервиси.. како на пример ете, кој збореше дека ланче+затегач, 1000 евра....
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #794 на: 15 Август 2015, 01:20:38 am »
Еве како изгледа на дизел (исто вчера правен сервис, на 2.0tdi golf VI), со масло од буре:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Додади уште 1200 (1000+ддв) за филтерот за воздух (кој беше сменет претходно, поради промена на кутијата за воздух), и ќе дојдеш до сумата на комплетен сервис на дизел.
Верувам доколу е користено масло спакувано во шишиња наместо на ангро, ќе биде уште 1000-че повеќе.
Препораката на Порше е сервис да се прави на 10.000км или 12месеци на дизелите (како што се прави и на овој дизел од примеров), па испаѓа поприлично поскапо, со оглед на тоа дека на бензинците е барем 20.000 и 2 години.
Овој за гориво нема потреба да се менува секој сервис...

А стварно на некои работи забегуваат, штопна и пази"подлошка-шајбна од 66 ден., што уствари треба да си иде со штопната "Па злрфв атна да не е?
А пред некој ден прашав за капаче за бандаж пошто ми се изгуби едно, 560 ден. да ти било, ама мора да се земе.