Еве како изгледа на дизел (исто вчера правен сервис, на 2.0tdi golf VI), со масло од буре:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Додади уште 1200 (1000+ддв) за филтерот за воздух (кој беше сменет претходно, поради промена на кутијата за воздух), и ќе дојдеш до сумата на комплетен сервис на дизел.
Верувам доколу е користено масло спакувано во шишиња наместо на ангро, ќе биде уште 1000-че повеќе.
Препораката на Порше е сервис да се прави на 10.000км или 12месеци на дизелите (како што се прави и на овој дизел од примеров), па испаѓа поприлично поскапо, со оглед на тоа дека на бензинците е барем 20.000 и 2 години.
Еве, стигна денес фактурата.
- Штопна - 69.70 денари
- Филтер за масло - 446.25 денари
- Филтер за воздух - 849.15 денари
- Филтер за полен - 858.50 денари
- Масло 5W-30 - 838.98 * 4.50 - 3775.41 денар
- Работни операции - 886.58 денари
Вкупно - 8125 денари (сосе ДДВ)
Филтрите и штопната се со 15% попуст.