И јас пред еден месец ја имав истата дилема (2008 Фиеста, 1.4 бензин), дали во официјален (мене 14000 ми побараа во мојот град) или во „неофицијален“. По препорака на повеќе пријатели кои возат Фордови, ја однесов кај друг мајстор, ме фати 9000 истата промена, со релативно квалитетен сет каиши (ContiTech или Continental стави, не ме држи за збор). Односно, со разликата во цената гратис ми дојде останатиот сервис во Форд официјалниот сервис (масло, филтри...). Што знам, јас во принцип сум задоволен и од официјалниот сервис на Форд, ама оваа година бев малку тенок при пари и затоа таква одлука донесов. Досега сум ептен задоволен во возењето, колата е малку потивка, посмирено работи. Ако си при пари, оди во Форд, ако не, направи како што направив јас (и така треба промена на масло и филтри да правиш годинава).