Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 555627 пати)

Отсутен NNN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1575 на: 30 Април 2020, 17:45:54 pm »
Не знам дали некој направил математика дали е исплатливо нова кола да се носи во овластен сервис.
5 години ќе те рекетираат и кога ќе ја пресметаш колку те изрекетирале и да ти се расипе нешто поевтино ќе ти биде сам да си го платиш дефектот.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11061
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1576 на: 30 Април 2020, 18:00:02 pm »
математиката е едноставна, први 5 години имаш само редовни сервиси, што како трошок е ништо споредбено со тоа да ја сервисираш сам и третата година да ти отиде турбина, инјектор, замаец, егр, електроника итн..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1577 на: 30 Април 2020, 18:09:46 pm »
Вие што сервисирате по официјални сервиси, имате забележано големо покачување на цените на редовниот сервис последниве неколку месеци?

Конкретно во МИ-ДА, редовниот сервис за Фиеста дизел последно кога проверував пред 4-5 месеци беше ~6000 денари, а сега гледам го покачиле на 8700 денари :o Многу е некако покачување од 40-50%?!

Едит: да напоменам дека откако сменив масло кај нив, колата ми потроши 1 литар на 8000км, а после тоа ставив Ликви Моли кое го возам веќе 10 000км и има потрошено 200 мл. Дали во МИ-ДА не го вадат целосно оти пумпата толку може, или пак за помалку да турат ново масло па поради тоа троши масло колава или едноставно Форд Формула маслото кое го тураат не е квалитетно.
Да не дошло време за филтер за нафта па така ти се видело? Или за полен.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1578 на: 30 Април 2020, 18:23:29 pm »
Не знам дали некој направил математика дали е исплатливо нова кола да се носи во овластен сервис.
5 години ќе те рекетираат и кога ќе ја пресметаш колку те изрекетирале и да ти се расипе нешто поевтино ќе ти биде сам да си го платиш дефектот.


Направил, направил...


Попоштено, здравје.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1579 на: 30 Април 2020, 18:30:45 pm »
Не знам дали некој направил математика дали е исплатливо нова кола да се носи во овластен сервис.
5 години ќе те рекетираат и кога ќе ја пресметаш колку те изрекетирале и да ти се расипе нешто поевтино ќе ти биде сам да си го платиш дефектот.
Не сум направил математика во цифри, но можам да кажам дека ѓавол ипол ќе ми излезеше ловењето на Гремлинот да не ми беше под гаранција колата. Во меѓувреме кркав и сеуште кркам бесплатни сервиси, бесплатно далечинско отклучување, и продолжена гаранција.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1580 на: 30 Април 2020, 18:33:20 pm »
Направил, направил...


Попоштено, здравје.

Околу 1500 евра разлика, иако почесто менува уље. Интересно, али што знам, јас сепак сметам дека задржување на гаранцијата е убава работа.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1581 на: 30 Април 2020, 19:26:16 pm »
Нема збор, но само под услов - професионализам на највисоко ниво.

Кај нас... Не е баш така.

Кај нас, дур трае гаранцијата. После, не е исплатливо, но од финансиски, ни од аспект на трошење на нерви, пошто нашите овластени се во најголем процент или недоволно стручни, или преваранти.

Отсутен NNN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1582 на: 30 Април 2020, 19:34:14 pm »
математиката е едноставна, први 5 години имаш само редовни сервиси, што како трошок е ништо споредбено со тоа да ја сервисираш сам и третата година да ти отиде турбина, инјектор, замаец, егр, електроника итн..
На трета година тие дефекти? Ауууу.
Инаку голема е разликата во цена за редовен сервис кај овластен или неовластен, уште подобро ако имаш мајстор пријател.
Додека колата ми беше под гранција редовен сервис беше ѓавол ипол, испод 150 не бил сервисот, а и над тоа.
Лани за првпат ми излезе 3500 денари.
Ги купив сам сите потребни филтри и уљето. Филтрите за нафта, полен и воздушниот ги сменив сам, на масјтор за 500 денари ми го сменија уљето и филтерот за уље, тотал 3500 денари. Разликата е огромна.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1583 на: 30 Април 2020, 19:35:26 pm »
Финтата е ако ти се деси зајеб од типот да треба цел пауер јунит да смениш у гарантен, а не си ја сервисирал во овластен.... Спремни сме на таков ризик?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен NNN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1584 на: 30 Април 2020, 19:49:58 pm »
Со рекетирањето веќе си го платил зајебот, односно гаранцијата и не е баш бесплатна.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1585 на: 30 Април 2020, 19:54:14 pm »
Со рекетирањето веќе си го платил зајебот, односно гаранцијата и не е баш бесплатна.
Не би рекол...

Ланче за ТСИ 1.500 еур
ЕГР за ТДИ 800 еур
.....

Отсутен NNN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1586 на: 30 Април 2020, 19:59:12 pm »
Со рекетирањето веќе си го платил зајебот, односно гаранцијата и не е баш бесплатна.
Не би рекол...

Ланче за ТСИ 1.500 еур
ЕГР за ТДИ 800 еур
.....
Да не си грешка со цениве или тоа во овластен сервис?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1587 на: 30 Април 2020, 20:07:07 pm »
@NNN
Не би рекол дека е рекетирање од страна на сервисот, рекетирањето е од страна на производителот.

А производителот вели: ќе гарантирам за возилото под услов да ставаш делови какви што сум ставил во производствениот процес и како што јас налагам.

Од друга страна не верувам дека ќе ги тргнеш на страна парите што ќе ги заштедиш на поевтин сервис и заменски делови за да ти се најдат при посериозен дефект.

Отсутен NNN

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1588 на: 30 Април 2020, 20:28:15 pm »
Не е баш така...
Производителот вели редовен сервис на 15 000 - 20 000 км, а овластениве сервиси на 7000, а некои на 5000 км.
Да, производителот вели се ставаат тие делови што ги наведува производителот, но во овластениот ти ги наплаќаат поскапо за 20-30%.

Не се сложувам дека тоа е така ради производителот, сите дубари ги прават овластените сервиси, не производителот.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #1589 на: 30 Април 2020, 20:44:43 pm »
Со рекетирањето веќе си го платил зајебот, односно гаранцијата и не е баш бесплатна.
Не би рекол...

Ланче за ТСИ 1.500 еур
ЕГР за ТДИ 800 еур
.....
Да не си грешка со цениве или тоа во овластен сервис?
Конкретно ЕГР за 1.6тди е 600 еур + монтажа во Порше, а може и плус ДДВ, тоа им е омилено на крај.