Не е баш така...
Производителот вели редовен сервис на 15 000 - 20 000 км, а овластениве сервиси на 7000, а некои на 5000 км.
Да, производителот вели се ставаат тие делови што ги наведува производителот, но во овластениот ти ги наплаќаат поскапо за 20-30%.
Не се сложувам дека тоа е така ради производителот, сите дубари ги прават овластените сервиси, не производителот.
Големиот сервис на Меганот си го направив во овластениот сервис. Не сакав да се замарам со заменски делови и да размислувам на каков квалитет ќе налетам.
Побарав информација колку чини истото задоволство во овластен во Франција. Немаше голема разлика освен во работната рака.
Редовните сервиси ги правев во неовластени сервиси и по цена не се разликуваа од овластениот.
Највеќе ми идеше на нерви цената за филтер за гориво, на секои 30.000 км. Околу 5000 кај овластен, заменски беше околу 2000 во Процит (не се сеќавам веќе најдобро за цените)
На сегашната i30ka што ја возам, на сервис ставаат Шел со одредената спецификација. Полани со Симо паднавме во муабет за цената и излезе дека Кореа не ми наплаќа поскапо од продавницата од каде он си го набавува уљето за неговото возило.
Но сето тоа не значи дека не се случуваат мајмунлаци по овластените, па и кај неовластените

ПС Имам колега кој исто велеше рекет.
не сакаше да плати рекет за монтажа на клима, му се расипа во гарантен рок, поправката скапа, сега има декорација на фасада