Автор Тема: Атмосферец 1.4 тромав или не  (Прочитано 78206 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #90 на: 14 Април 2011, 21:24:52 pm »
HONDA Civic 5 Doors 1995 - 1997  
1.4i 90ks
Top Speed:   106.9 mph (172 km/h)
Acceleration 0-62 Mph (0-100 Km/h):   13.1 s
Unladen Weight:   2392 lbs (1085 kg)

----------------------------------------------------

HONDA Civic 5 Doors 1.4i  2001-2003
1.4i 90ks
Top Speed:   108.7 mph (175 km/h)
Acceleration 0-62 Mph (0-100 Km/h):   11.8 s
Unladen Weight:   2414 lbs (1095 kg)

----------------------------------------------------


HONDA Civic 5 Doors 2003 - 2005
1.4 90ks
Top Speed:   108.7 mph (175 km/h)
Acceleration 0-62 Mph (0-100 Km/h):   11.9 s
Unladen Weight:   2414.1 lbs (1095 kg)

----------------------------------------------------

HONDA Civic 5 Doors 1.4 i-DSI  2005-2008
1.4 83ks
Top Speed:   105.6 mph (170 km/h)
Acceleration 0-62 Mph (0-100 Km/h):   14.6 s
Unladen Weight:   2513.3 lbs (1140 kg)

----------------------------------------------------

MAZDA 3  Hatchback 1.4i
1.4 84ks
Top Speed:   105 mph (169 km/h)
Acceleration 0-62 Mph (0-100 Km/h):   14.3 s
Unladen Weight:   2767 lbs (1255 kg)

----------------------------------------------------

FORD Focus 5 Doors 2004 - 2008
1.4 80ks
Top Speed:   101.9 mph (164 km/h)
Acceleration 0-62 Mph (0-100 Km/h):   14.1 s
Unladen Weight:   2749.6 lbs (1247 kg)

-----------------------------------------------------

PEUGEOT 207 5 doors 1.4
1.4 75 ks
Top Speed:   105.6 mph (170 km/h)
Acceleration 0-62 Mph (0-100 Km/h):   14.5 s
Unladen Weight:   2475.8 lbs (1123 kg)

-----------------------------------------------------


Врти сучи сите се вртат околу тие бројки 13-14 до 100 и 165-175 максимална.......и приказните за мазда и хонда паѓаат во вода. Од листата која ја составив се приметува пад на забрзувањето како што доаѓаат новите т.е потешките модели. 80 кс се можеби доволни за 1000-1050кг.
« Последно менување: 14 Април 2011, 21:27:08 pm mmm121 »

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #91 на: 14 Април 2011, 21:26:07 pm »
Да 1,4 моторот врши работа за просечен семеен македонец. Но има „кризни“ ситуации кога автомобилот треба да има резерва да повлече, специјално во „сиви“ претекнувања ако не и кај секое претекнување. Недостатокот на забрзување и секако возачкото неискуство при  такви „сиви“ претекнувања се причинител за многу дури и фатални сообраќајни несреќи.
Од тој аспект секој кој мисли многу да вози на отворен пат посебно надвор од МК треба да го избегнува 1,4 атмосверецот, но и за волја на вистината понудата на нови автомобили со такви мотори е се помала.
А веќе ако патува многу на отворен пат со таков автомобил, да го има секогаш во главата дека добар возач е тој кој се грижи за својата безбедност, безбедноста на своите сопатници и секако безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #92 на: 14 Април 2011, 21:30:47 pm »

Од тој аспект секој кој мисли многу да вози на отворен пат посебно надвор од МК треба да го избегнува 1,4 атмосверецот... 

Треба да се избегнува во Македонија каде што уште имаме двосмерни автопати (ако можеме така да ги наречеме) бидејки треба да го бираш местото кај што ке претицуваш. А во странство кај што имаат убави автопатишта сосем е доволен за нормално возење 110-120

Отсутен Obicen

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 49
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #93 на: 14 Април 2011, 21:39:22 pm »
Треба да се избегнува во Македонија каде што уште имаме двосмерни автопати (ако можеме така да ги наречеме) бидејки треба да го бираш местото кај што ке претицуваш. А во странство кај што имаат убави автопатишта сосем е доволен за нормално возење 110-120

Да секако дека 110-120 се вози ОК.

Но ако малку е гужвастично се возиш со шлепери, секоја минута гледаш во ретровизор кој те претекнува и тоа прави умор и нервоза. Кога пак се обидуваш да држиш растојание со тој пред тебе секојпат ќе се најде некој да ти се упика пред тебе и тие се моменти кога ќе си кажеш а бе...
Не дека е страшно или невозможно да се вози така ама е порелаксирано е ако имаш екстра сила.
Во МК на дел од делниците е ... Дедо Боже да не чува сите!
« Последно менување: 14 Април 2011, 22:14:02 pm Obicen »

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #94 на: 14 Април 2011, 22:30:16 pm »
Рики, така забрзува сивик 1.4 само ако го пуштиш низ-брдо надолу, што би рекол КуреСпротиво. :D Ама може и уште побрзо ако го фрлиш од авион. :D
Видеото е фејк, еве како реално забрзува:


Другарче овој е 1.4 75 кс... 100% ти гарантирам дека е 75 кс

Бидејки се имам возено во 1.4 90кс и верувајми, задоволително иде за 90 кс...

Ај ке го натерам Оли и Нешо да снимаат, или да мерат лично они, па ке ви кажам информации ... од понеделник натака...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #95 на: 14 Април 2011, 22:35:01 pm »
Да не ме сватиш погрешно ама и јас не верувам...а ако сакаш можам да ти снимaм клип каде забрзувам до 100/ка за 6 секунди - ка ракета ме разбираш... е сега ...... вистина или лага....питање је сад???

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #96 на: 14 Април 2011, 22:52:00 pm »
Збориме фер да биде... снимаш патот, и снимаш од почеток...

Не е фер на удолница, или на трупци да се снимаш ;)

Отсутен Dean

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1340
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #97 на: 14 Април 2011, 23:52:05 pm »
да се надоврзам на муабетов за 1.4 моториве, шурата конечно си најде кола и тој се одлучи за Ford Puma ама неговата е со 1.4 мотор баш спомнатиов, моторот е фордов zetec 1400 кубни сантиметри со 90 коњски сили. декларирано од производител е дека забрзува за 12 секунди до 100, јас имав шанса да ја пробам е сега во споредба со мојата 1.7 со 125 коња е доста поспора 4 секунди поспора до 100, но сепак солидно количе и доста добро влечеше, но е прилично лесна нешто малку над 1000 кила, значи муабетот дека овој мотор за во фиеста, што во основа е пумата, е одличен, но за поголема кола не.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #98 на: 15 Април 2011, 00:01:33 am »
Рики, така забрзува сивик 1.4 само ако го пуштиш низ-брдо надолу, што би рекол КуреСпротиво. :D Ама може и уште побрзо ако го фрлиш од авион. :D
Видеото е фејк, еве како реално забрзува:


Другарче овој е 1.4 75 кс... 100% ти гарантирам дека е 75 кс

Бидејки се имам возено во 1.4 90кс и верувајми, задоволително иде за 90 кс...

Ај ке го натерам Оли и Нешо да снимаат, или да мерат лично они, па ке ви кажам информации ... од понеделник натака...
D14A4 e 90KS верзија. Тоа на видеото кое си го постирал и кое ја врти километражата рамномерно од 0 до 170 ѓомти BMW 760-ка е или монтажа или снимено на удолница.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #99 на: 15 Април 2011, 00:18:59 am »
Oвој има запушен катализатор и тапа свекици, кабли и изместено палење....

Па не е можно толку споро да оди... а на километража вади за 10 секунди 100ка :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #100 на: 15 Април 2011, 01:39:13 am »
Дали озбилно мислите дека 1.4 од хондата со не ВЕТЕК него 3 ВЕТЕКА и 2 МИВЕКА и 90кс ставен во Фокус ке даде искуство кое не е тромаво? При полна свест го тврди некој ова? Или збориме за коли од пред војната, што се небитни во нашево време, а и гледам никој не ги поседува од нас?
Ај малце, сеа. 1.4 се толку блиски меѓу себе, да света технологија да им е различна ќе се 95% слични во реалност. А дали ме затресе за тие 5%, не баш.
Хондата била брза... Можда е лесна, ама моторот е исто ср у друго паковање.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #101 на: 15 Април 2011, 02:00:14 am »
„Другото паковање“ ја прави главната разлика.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #102 на: 15 Април 2011, 02:16:04 am »
„Другото паковање“ ја прави главната разлика.
Демек што е лесна? Ама од пред војната сите беа лесни... И имаа 1 ѕвездичка.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8524
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #103 на: 15 Април 2011, 07:19:43 am »
Дени верувај кога ќе ти кажам дека кола од пред 10 - 15 години која е 90 коња е струја за овие коли денес и 120 коња што се, на времето поим беше 100 коња кола да имаш стварно беа брзи(да го ставиме и фактот дека не е све во коњажата)

Еве било која кола постара да ја споредуваш со сите овие понови 1.4 ... ќе биде малте не дупло по снажна, општо познато е дека овие новиве врсти на атмосверски бензинци со 1.4 мотори се направени без усул и многу размислување за да влезат на пазарот како економични бензинци кои "не трошат многу" со намера да го излажат просечниот купувач. Неможеш да ги кривиш им успева.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Атмосферец 1.4 тромав или не
« Одговори #104 на: 15 Април 2011, 08:14:35 am »
Дени верувај кога ќе ти кажам дека кола од пред 10 - 15 години која е 90 коња е струја за овие коли денес и 120 коња што се, на времето поим беше 100 коња кола да имаш стварно беа брзи(да го ставиме и фактот дека не е све во коњажата)

Еве било која кола постара да ја споредуваш со сите овие понови 1.4 ... ќе биде малте не дупло по снажна, општо познато е дека овие новиве врсти на атмосверски бензинци со 1.4 мотори се направени без усул и многу размислување за да влезат на пазарот како економични бензинци кои "не трошат многу" со намера да го излажат просечниот купувач. Неможеш да ги кривиш им успева.

1.4 се продаваше само поради акцизите..... сега кога се измени законот за акцизи во новиот ценовник за форд фокус мк3 основен модел е 1.6 со 105 кс :) 1.4 нема