За тие што не знаат...2008 година купив Цитроен Ц4 1.4 со 90 кс нов гланц од Автонова.
Покрај другите проблеми, една од главните причини зошто го продадов со 20.000 км и 16 месеци старост беше и моторот кој како да беше буквално изваден од косилица.
Во град, прифатливо ..за мало место како Велес и да сакаш од 30/40 нема фазла возење, така да беше ОК.
Е арно ама пошто често патував и патувам на подолги релации, кога ќе излезев на отворено работава беше - Леле мори мајко држ ме да не се испосерам!!!
Не дај боже да си на некоја угорница и да сакаш да претицаш...мораш да пазиш да не иде кола од спротивна страна едно километар и фазла напред, за да имаш време да претицаш.
И на рамно, од 80 км на час за да поминеш некого мораш да стаиш 3-та ако сакаш брзо да завршиш работа, ако не ќе се одмочаш додека го претицаш.
Башка што при такви егзебиции се мачи колата па пие бензин, суши.
Се на се заебана комбинација е компакт кој тежи над 1200/1300 кг со таков мотор.
Се поскржавев тогаш и не ми се даваше 3000 евра фазла за 1.6 ХДИ па на крај излезе скржавиот 3 пати плаќа....
Моја препорака...ако можете да ја избегнете споеменатава комбинација при купување на кола ќе бидете посреќни 100 пати.
И не само јас, многу други кои имаа такви мотори во своите миленици се жалеа на истото, кумашинов со Астрата, Познаник еден со Хјундаи, Еден дечко со Голф го среќавам стално кога переме коли и др.
Значи како што кажавте....1.4 мотор атмосферец од спејс шатл да е да не го зимаш...според мене!