жена ми седи меѓу нив кога сме на подолг пат и не да не е комотно него е малтретирање.
Овде јас го гледам проблемот реално. Знам дека е тешко, ама треба да се инсистира возрасните да седат напред во кола. Во секоја прилика и секогаш (освен ако не се 3 возрасни, па еден возрасен мора назад). Децата позади.
А што се однесува до просторот во гепек, на кров или меѓу нозе на сувозач и позади на полица - релативно е. И најголемата кола да ја имаш, ќе ја накрцаш од трт со багаж. Ама па тоа е 3-4 пати у годината. После тоа ќе треба 80% од времето да влечкаш стамбена зграда низ град, да се трткаш за паркинзи, да се осеќаш ко достављач у комбе итн.
Како и да е, не сакам да се мешам во изборот, сакам само да поттикнам пошироко размислување околу изборот на тип на возило. Еве, исто како и Дени што спомна погоре, има варијанти, не е дека нема...
Јасно е тоа, ама мали се децата и на пат од Виена до Скопје ако не седи мајката позади треба да застанувам на 15 минути за нај различни „итни“ потреби. Патуваме најмалку по два пати годишно до Скопје и до Малмо, плус одмори викенди итн, и сме пробале и ќерка ми да седи позади (она има 13) ама не фукнционираме, јбг.
Не се мешаш во изборот, напротив, супер муабет, баш ова ми треба, совети за да сконтам што ќе биде најдобро решение.
Фала ти.
Чим ти се малите деца 4 и 2 години, уште малце и би требало да ја пројдат фазата на 15 минути да им треба нешто, па заради тоа мајката да седи позади.
Зависно од твојата висина и на сопругата, те ако не сте многу високи, можеби и не ти треба голем СУВ или голем SW од типот на XC90/V90. Плус и за 40К мислам дека тешко да најдеш нешто да е поново годиште.
Транспортер е убава опција, ама ако е примарно и единствено возило можеби не е најидеално и најпрактично.
A6 Avant е многу убаво ауто, можеби ќе биде комотно позади за 2те седишта и поголемото дете да седи. Можеби уште повеќе простор би имало во Skoda Superb. Барем јас имам такво чувство дека нудат стварно многу простор внатрешно, поготово Октавијата и Супербот.
Споредба V90 со Skoda Superb EstateСпоредба Skoda Superb Estate со Audi A6 Avant