Не е точно дека разликата е само во софтверот. Како што кажав, имаат различни издуви и различни мењачи. Првото се однесува на карактеристиките на моторот, а второто на карактеристиките на возилото. 3-ката има поголема снага на повисоки вртежи и по-оптимални односи на брзините и/или поефикасеен пренос и побрзо постигнува 100-ка од Фокусот.
Што се однесува до чип-тјунингот, не е точно дека нема простор за тјунирање. Кај мене немаше ефект затоа што тјунингот, т.е. мапите, не беа соодветно изработени. Ако можам да приметам разлика со физички тјуниранирано поместено палење за 4 степени, тогаш со софтве истото може далеку попрецизно и по-соодветно да се наштелува. Но треба некој да знае да го направи тоа и да потроши време за истото.
Како и да е, мапите и на Фокус-от и на 3-ката се горе долу слично оптимизирани за да ги задоволат Еуро стандардите и потрошувачката на гориво.
Да се навратиме на темата, и Мазда 3 1.4 е многу трома, но не е потрома од Фокус 1.4.