да се надоврзам на муабетов за 1.4 моториве, шурата конечно си најде кола и тој се одлучи за Ford Puma ама неговата е со 1.4 мотор баш спомнатиов, моторот е фордов zetec 1400 кубни сантиметри со 90 коњски сили. декларирано од производител е дека забрзува за 12 секунди до 100, јас имав шанса да ја пробам е сега во споредба со мојата 1.7 со 125 коња е доста поспора 4 секунди поспора до 100, но сепак солидно количе и доста добро влечеше, но е прилично лесна нешто малку над 1000 кила, значи муабетот дека овој мотор за во фиеста, што во основа е пумата, е одличен, но за поголема кола не.