Мене многу битни работи на толкав пат би ми биле:
- Клима
- Убави седишта (ми се свиѓаше идејата за замена на седиштата во ладата), со странична потпора и менување нагиб и висина на седечката платформа, кои ќе бидат доволно високи и широки за да го сместам целиот грб, и со доволно можност за повлекување наназад, подесување на лумбалниот дел ќе биде секако плус;
- Потпирачи за лева и десна рака - подеднакво, и да не бидат реда ради ставени, туку да може цела подлактица да ја потпрам убаво и исто битно, да бидат лево и десно на иста висина;
- Темпомат;
- Добри светла за ноќно возење
Помалку битни, но не и небитни работи би ми биле:
- Тивка кабина,
- Волан со подесување на длабина и висина и серво
- Моќен мотор (низ русија ќе возам, ефтин е бензинот)
- Добра суспензија.
Од на што сум го гледал на телевизија и слушал на радио (пошто на памет збориме, никој во спарк не влегол тука), спаркот не задоволувува ни еден од овие услови (сем клима можеби, ако имаш среќа).