Автор Тема: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации  (Прочитано 187707 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7197
  • Бенве сие бенве
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #915 на: 22 Мај 2026, 10:07:38 am »
Кај кијата беше ужасен, многу агресивно програмиран


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3502
  • Хюндай Тюсон
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #916 на: 22 Мај 2026, 10:11:54 am »
Фејслифт и 3 години разлика си го прават своето. Ти се жалеше и на успун со автоматикот за гаражата во австрија се сеќавам. Кај мене во такви сценарија супер работи автоматикот немам апсолутно никаква забелешка по тоа прашање.

Плус има и доста настројки да подесуваш околу работата на радарот колку да биде агресивен на кое растојание да реагира и слично.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7197
  • Бенве сие бенве
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #917 на: 22 Мај 2026, 11:22:14 am »
Верувам дека е така, затоа кола се купува само фејслифт


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15253
  • Пудингот на шоферството
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #918 на: 22 Мај 2026, 14:27:54 pm »
На предходниот камион кој беше 2007год. Работеше ок,на дождливо време и после неколку саати работа знаеше да се замори и да откажи но ок бев со тоа.
На ова ѓубре сега од 2017год. е многу по сензитивен,знае некогаш и на некпј шо ќе прескокни лента да се укопа во место,а тоа на автопат не е баш пожелна работа.Е сега кога ќе прочита тка треба да му дадеш гас до крај да го прекини емерџенси брејкинг ама таа секунда две од 80-90 ќе намали на 60 што е ретардирано и неочекувано од нигде никаде.Низ град на 10метри(иако не е активирано) пред тебе некој врти за на бензиска или за во споредна улица ти се укопува во место.
Единствено го користам само низ Германија на автопат.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4236
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #919 на: 22 Мај 2026, 14:36:11 pm »
После 5 години возење на кола со адаптивен, стварно не би земал веќе кола без тоа. На Леонот немам адаптивен зошто не можеше да се порача во 2022 заради филмот со немање на чипови и исти релации ми се по замарање за возење. Лично искуство, секако.

Никогаш сум немал проблемо со нагло кочење, со исклучување и сл. Секако го користам како помагало, не очекувам дека прави чуда. Али баш е Ок.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2600
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #920 на: 22 Мај 2026, 14:38:55 pm »
Адаптивен темпомат сум немал но сметам дека повеќе би го користел од обичен. Обичен имам и некако повеќе ми одмага од што ми помага, на секое наидување на автомобил пред тебе треба рачно да кочиш, па ајде пак кликни копчето за да продолжи, па му треба 3 дена за да убрза до таргет брзината.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #921 на: 22 Мај 2026, 17:46:03 pm »
Најјаки ми се тие со адаптивен наместен на 500м растојание од тој пред него, па го чекаш да претица и чекаш и чекаш и на крај го сечиш па нека го лупни носот во воланот ко е глуп ко коњ.

Не верувам дека постои таков темпомат. Иако, те разбирам што сакаш да кажеш, на колата и треба време да се осигура дека е чисто. Сепак, безбедност > време.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #922 на: 25 Јули 2026, 13:58:58 pm »
Извозени од 3ти до 24ти Јули вкупно 5478 км, тргнувајќи од Bad Vilbel, спиење пред Вараждин (ХР), па Јагодина (СРБ) па Скопје. Оваа рута беше топ за возење, немаше никаква гужва по пат, возев брзо во Германија (150-160 голем дел од патот, преку Пасау), во Австрија по знаци, Словенија малце над, Хрватска и Србија малце побрзо од дозволеното. Од Хрватска према Србија пројдов преку Илок 2, на Батровци имаше околу 90 мин чекање. Македонска граница пројдовме за 10 минути.
За Врахос тргнавме во понеделник, имаше малце гужва на делот Прилеп према Битола, ама закрпено беше и ок се возеше. Граница на Меџитлија пројдовме се вкупно за 10-15 минути, после до Врахос голем дел се вози во една лента, затворено е другата дека ќе го обновуваат асфалтот, ама досега мал дел е завршен. И реално ова е доста досаден дел за возење, ем тунели, ем по една лента се вози, па ако се погоди шлепер се вози споро.
На враќање од Врахос на 2 патарини имаше колона 100 метри, ама со тагот одма пројдов, па заштедив вкупно можеби 10 минути. Граница пак преку Меџитлија, за 10 минути пројдовме, Битола Прилеп сега немаше ич гужва зашто беше после 16ч, јадење во Прилеп во Аванти карши Салида, одлично беше.
После 2 дена во Скопје, тргнавме за Хрватска на Корчула, во Вела Лука. Преку Косово и Србија, па Црна Гора и преспавме во Требиње. Многу убав и жив град, потсеќа на медитеранско место, а не е на море, има убава река. Полно кафани и кафичи, препорака за посета ако некого носи пат натака.
Следниот ден после бурек, кафе и сладолед во Требиње тргнавме за Корчула преку граничен премин Čepikuće. Е тука се изначекавме 90 минути, ебената регистрација за влез во ЕУ успорува ептен.
После тоа убав пат до Корчула, се качивме на траект во Оребич, 15 мин е возењето, па уште 45 мин до Вела Лука. Мало место, не е премногу развиено за туризам, но сепак убаво средено, нема премногу туристи, има доволно кафани и кафичи. Тука е погребан Оливер Драгојевиќ.
Поседовме 4 дена тука кај пријатели, па отидовме за Плитвички Езера. Се сместивме вечера то Језерце, па следниот ден ги прошетавме езерата, нешто неверојатно. Ја фативме патеката Ц, 8 км пешачење, не измори чекањето од 75 мин бродче. На крај чекавме околу 40 мин панорамски бус да не врати до почетната точка.
Од таму тргнавме за Птуј, бевме сместени на некој рид во недојдија, али беше супер. Следниот ден го прошетавме на кратко Птуј, мало е местото, па после Марибор. Убав и интересен град, чист, и посетивме Аквариум и Терариум во паркот, е тоа беше многу интересно. Покрај рибите, делото со змии е интересен, зашто некои беа многу активни, како зелената мамба, која се обидува да искочи :)
Од таму следна точка за преспивање беше Wernstein am Inn (Австрија), неколку км пред Пасау. Следниот ден го прошетавме Пасау, многу интересно и убаво градче, каде се спојуваат 3 реки (Ин, Дунав и Илц). Вреди да се посети исто така. Од таму уште околу 450 км до дома.
Се на се, интересно за возење, многу убави предели и места посетивме. На моменти и напорно, но после преспивање се ресетираш и немаш гајле.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #923 на: 27 Јули 2026, 11:47:35 am »
Не е нешто екстремно ама беше интересно.

Крај на мај-почеток на јуни:
- 1 ден: Од Скопје до Суботица 620 km и преспивање. Србија како и секогаш освен околината на Белград другото е супер за возење. Нема коли и камиони, уклучуваш темпомат и гледаш право. Стигаш речиси одморен.
- 2 ден: Од Суботица до Прага 720 km. Е тука не направив добра пресметка. Требаше за 7-8 саати а стигнав за 10-11. Значи и покрај тоа што границата ја поминавме за 20 минути (вклучувајќи го и "тресењето" на граничарите) патот се правеше на многу места - обиколница околу Будимпешта, патот од Будимпешта до Ѓор, обиколница Братислава и уште една кај Брно. Километарски колони со камиони од десно, возиш во една лента а некаде се многу тесни тие ленти а мора да бидеш фокусиран 100%.
- После 5 ноќевања во Прага, во кои бев делумно настинат може и ради патот :-) 180 km до Дрезден (2 ноќевања) со мало исклучување за посета на Саксонските Алпи. Зачудувачки малку коли а камиони уште помалку. Гранична контрола ама брзо одеше со мавтање на цајканот со рака и без прашања. Мислев дека автопатот е без ограничување ама не беше. Сите возат прописно освен едно комби од Берово или Пехчево што ми пресече пат :-)
- 10-ти ден Дрезден до Братислава 480 km спиење. Во Чешка имаше многу полициски контроли со пресретнувачи.
- 11-ти ден Братислава до Сегед 370 km спиење.
- 12-ти ден Сегед до Скопје 650 km.
 
Вкупно нешто над 3000 километри за 12 дена. Требаше и до Кутна Хора или Карлови Вари да се оди додека бев во Чешка ама ајде можеби некој друг пат кога нема да настинам на патување.

Во принцип не возам повеќе од 800-900 км во еден ден иако во зависност од условите на патот може да се истуркаат 1000 релативно лесно според мене. Паузи на 3-4 саати на бензинска и обавезно претходниот ден добро спиење и без алкохол барем вечерта.
 

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4707
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #924 на: 27 Јули 2026, 14:19:35 pm »
Јас за жал немам темпомат на колата, и долгото возење ми ја замара десната нога ради константната положба. Мислам дека со темпомат ќе ми беше прилично полесно да ја поминам рутата која ја опишав, зашто голем дел беа автопати.
Пријателите со кои што бевме на одмор у грчка дојдоа од Виена, рекоа многу лошо било за возење заради работата на пат и камионите.

Отсутен Abertzale

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 72
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #925 на: 27 Јули 2026, 14:27:17 pm »
Јас за жал немам темпомат на колата, и долгото возење ми ја замара десната нога ради константната положба. Мислам дека со темпомат ќе ми беше прилично полесно да ја поминам рутата која ја опишав, зашто голем дел беа автопати.
Пријателите со кои што бевме на одмор у грчка дојдоа од Виена, рекоа многу лошо било за возење заради работата на пат и камионите.
Сигурен сум дека би ти било полесно. Пред да почнам да користам темпомат редовно имав ефект на здрвени нозе после подолг пат, сега го нема тоа.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15315
Одг: Overlanding, возење ради возење на екстремни релации
« Одговори #926 на: 28 Јули 2026, 14:55:01 pm »
Не е нешто екстремно ама беше интересно.

Крај на мај-почеток на јуни:
- 1 ден: Од Скопје до Суботица 620 km и преспивање. Србија како и секогаш освен околината на Белград другото е супер за возење. Нема коли и камиони, уклучуваш темпомат и гледаш право. Стигаш речиси одморен.
- 2 ден: Од Суботица до Прага 720 km. Е тука не направив добра пресметка. Требаше за 7-8 саати а стигнав за 10-11. Значи и покрај тоа што границата ја поминавме за 20 минути (вклучувајќи го и "тресењето" на граничарите) патот се правеше на многу места - обиколница околу Будимпешта, патот од Будимпешта до Ѓор, обиколница Братислава и уште една кај Брно. Километарски колони со камиони од десно, возиш во една лента а некаде се многу тесни тие ленти а мора да бидеш фокусиран 100%.
- После 5 ноќевања во Прага, во кои бев делумно настинат може и ради патот :-) 180 km до Дрезден (2 ноќевања) со мало исклучување за посета на Саксонските Алпи. Зачудувачки малку коли а камиони уште помалку. Гранична контрола ама брзо одеше со мавтање на цајканот со рака и без прашања. Мислев дека автопатот е без ограничување ама не беше. Сите возат прописно освен едно комби од Берово или Пехчево што ми пресече пат :-)
- 10-ти ден Дрезден до Братислава 480 km спиење. Во Чешка имаше многу полициски контроли со пресретнувачи.
- 11-ти ден Братислава до Сегед 370 km спиење.
- 12-ти ден Сегед до Скопје 650 km.
 
Вкупно нешто над 3000 километри за 12 дена. Требаше и до Кутна Хора или Карлови Вари да се оди додека бев во Чешка ама ајде можеби некој друг пат кога нема да настинам на патување.

Во принцип не возам повеќе од 800-900 км во еден ден иако во зависност од условите на патот може да се истуркаат 1000 релативно лесно според мене. Паузи на 3-4 саати на бензинска и обавезно претходниот ден добро спиење и без алкохол барем вечерта.
 

Пред 2 години ја правев турата и јас

Скопје - Загреб - Блед - Салзбург - Чешки Крумлов - Прага - Млада Болеслав - Чешка Липа - Дечин - Тиса - Петровице - тука влегов Германија - џандарите се чудеа шо забегав на тој премин. Со жена ми се се смеевме сигурно први Македонци што шетале по местава - Дрезден.

На враќање Дрезден - Брно - Братислава - Виена - Нови Сад - Скопје.