Не разбирам што се вреѓаш. Ти веруваш дека си направил вистински избор за твоите 7000, ама тоа не значи дека спаркот е кола која е удобна, или која барем ги задоволува критериумите што ги наведов кои мене би ми биле потребни за до Владивосток. За оверлендинг праиме муабет.
Остај ги ти километрите. На Ск-Вв гледај како на 40 дена по 6-8 саата позади волан (толку отприлика искача со возење по знаци)
Ако можеа стоќецови да ја параат Африка или спачеци од европа до килиманџаро - може и Спарк по нов, мазен асфалт до Владивосток. Да не издржам 8 саати треба некоја ептен хард-кор неудобна кола да биде, а спарк не е таква.
Знам, ова не е аргумент за удобноста на Спарк, но - како што исправно забележа Bravo - многу други коли (постари) би биле полош избор.
Спарк си е екстра, само ако нема повеќе од двајца унутра и ако можеш убаво да го оптегнеш седиштето. Кола ко и секоја друга (во рамки на мала толеранција). Удобноста СИГУРНО не е ден-и-ноќ разлика од некоја астра или пунто. Има, но не толкава огромна ко што ја зборите.
(да не рипнат одма се паметњаковичи, не викам дека од сите аспекти спарк е скоро исто ко пунто, зборам САМО за удобноста и колку време ќе издржи човек пред да му прекурчи._
Дај ми исправен и стегнат спарк со клима - утре тргам.