Џони, многу лично си го сфаќаш муабетот за Матиз/Спарк.
Како и да е, има причина зошто тие коли се викаат градски возила. Градски. И повторно, да потенцирам, градски.
Мали се, предвидени за полесно справување со градски гужви. Полесно да се најде паркинг, полесно да се маневрира. Не се предвидени за возење на отворено. Скоро сите тие мали градски аутца од звучна изолација имаат воздух, скоро никакви (тенки и тврди) седишта, и така-натака.
Мало градско возилце си е мало градско возилце. И прекрасни се, за намената. Јас сум на ниет да го продадеме Сеичентото и да земеме половен VW Up или Seat Mii.
Ама да не си играме играчки, 11.609 километри во Спарк? Абе ааааајде..