Автор Тема: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење  (Прочитано 11699 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10950
  • 430i
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #45 на: 16 Октомври 2012, 09:23:13 am »
Цената на седиштата е од 2500 па нагоре. И најефтиното седиште од Џамбо е посигурно од рацете на мама или од беснеењето на задно седиште.

Ако мене ме праша некој, вакви реклами би иделе пред главни вести и пред уткамици и за полувреме. Зошто?

Затоа што кај нас сеуште преовладува мислењето, „нема мене да ми се случи“ и „нема баш денес“. Се увезоа илјадници коли кои ниту се проверени како што треба ниту некој води грижа за нив.

Збориме за социјална категорија на луѓе, а сите оние што до вчера не можеа да си дозволат возило, гледаа за своите 3000 некако скрпени евра да земат што појака машина. Дали ќе кочи и не е толку битно. Југовците се заменија со коли над 100кс и слично.

Се тоа е супер, секој да осети како е да се вози европска кола, секој да се „поднови“. Но следствено на тоа размислувањето треба да се менува.
50 или 100 евра за седиште се многу пари за некој. Тој некој немора по секоја цена да вози возило доколку неможе да си обезбеди барем минимална заштита на најмилото.
А многу повеќе возачи не спаѓаат во тие што не можат да одвојат за седиште туку поприоритетно му е да ги остави во кафана, на журка, во кладилница итн.

И јас не сум се возел во седиште, ни бустер. И еве ме жив и здрав сум. Но татко ми возел 101, а околу него возеле фиќовци и југовци и по некое Фиат Ритмо. Темпото на живот не било како што е сега. Нервозите не се исти како сега. Татко ми работел во фабрика, во 3 смени. И можел да си дозволи кола на кредит и можел да не однесе на море и земал плата на 1-ви и одел до Италија со колегите по фармерки. Денес нема фабрики и работиш колку што ќе ти кажат да работиш и ќе ти дадат плата ако одлучат да ти дадат. По нервозни времиња се сакале ни е или не.
Времињата се менуваат, треба да се менуваат и навиките.

Од каде треба да се почне?

Од ОВДЕ и СЕГА!!!

Ако ние како заедница на обожувачи на автомобили не поддржиме една ваква иницијатива во 21-ви век и се вадиме на тоа „ни јас не сум се возел во седиште“, тогаш најубаво да го прекрстиме форумов и да си ставаме сликички од она што сањаме и што сакаме да си купиме и да отвориме уште 3-4 теми рекла-казала.


П.С. На времето немаше воздушни перничиња. Ни АБС. Ама денес никој од нас несака ни да помине покрај кола што ги нема истите.
       За нашата безбедност мислиме, а за најмилото не?!
       Мислам дека не е фер.
 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #46 на: 16 Октомври 2012, 09:27:14 am »
Тотално си во право...

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #47 на: 16 Октомври 2012, 09:46:44 am »
Поготовоо во делот кај што велиш дека форумов треба да пропагира напредни размислувања.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #48 на: 16 Октомври 2012, 15:42:50 pm »
Секоја чест marjanot за напишаното, поготово за делот кој на многу луѓе им е поважно да отидат во кафана или да лупнат пари за смартфон кој не знаат да го користат а кратат пари за безбедноста на најмилите.
Опкружен сум со неколку такви луѓе и ми се гадат.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #49 на: 16 Октомври 2012, 15:44:55 pm »
Епа друже таквите се мнозинство, кога ќе се деси беља тогаш ќе размислуваат само што тогаш ќе биде касно.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #50 на: 16 Октомври 2012, 19:10:49 pm »
Ако си нервозен не седнувај во кола,можиш да напшравиш 300 глупости,и сам на себе,а и на други учесници во сообраќајот.И дали на 2-3-5-7 месечно бебе тоа седиште и при удар со 50км/х ке го спаси од повреди.Па тоа неможи да си го држи вратот сеуште.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #51 на: 16 Октомври 2012, 19:27:04 pm »
Затоа до 9 месеци седат завртени со грбот према напред. И седиштата се делат во 3 категории, во зависност од возраста. И да, многу пофатално е во мајчини раце со 50км/ч отколку во соодветно седиште.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10950
  • 430i
Одг: Re: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #52 на: 16 Октомври 2012, 20:07:36 pm »
Точно. До 9 месеци бебето лежи во релаксатор/транспортер. Истото служи и како седиште во кола и за носење и во истото може да седи прицврстено на количка и во истото може да седи дома до тросед и да се љуља додека гледаш утакмица.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #53 на: 16 Октомври 2012, 22:32:00 pm »
Yup! И најчесто се купува сосе количката, така да барем за првите 9 месеци нема ама баш никакво оправдание да не се користи наменско седиште!.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #54 на: 17 Октомври 2012, 19:09:47 pm »
Најважно правило за идните родители. Детето седнува/легнува во релаксатор/транспортер уште при првото земање од породилиште. Секако се истрајува при можните лелекања и пекања на детото, кога сака да стане ( if any ).

Кога дете ке се навикне да си седи при возење, нема поголема уќиванција за целото семејство, секако со помош на разни играчки, DVD плеерчиња и слично, и тоа само за подолги патувања.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #55 на: 17 Октомври 2012, 20:53:37 pm »
Taka e! Во цивилизирани земји, нема да ти дозволат да го одвезеш детето од болница ако немаш соодветно детско седиште/транспортер.
Детето се навикнува уште од првите месеци. Понекогаш и ќе застанеш за да го смириш ако е премногу нервозно, но воглавно, дете од 1 година комотно може да издржи 4-5 саати возење без никакви посебни интервенции. Поголем дел од патот и ќе го преспие најчесто.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #56 на: 21 Октомври 2012, 11:11:53 am »
И кај нас не дозволуваат да го извадиш детето од болница ако немаш соодветна корпа или керикот, може да носиш и транспортер, со тоа што не е препорачливо бебе од 5 дена да го ставиш во транспортер...Прво заради анатомијата на транспортерот колку и да е декларирано за 0+ месеци, а второ и заради препораките на докторите кои изрично забрануваат детето да се става во транспортерот се до нвршување на најмалку 2 месеца од својот живот...
Инаку во првите 3 месеци малиот си го носев секаде у керикотот, а транспортерот го користев само 3 или 4 месеци едвај...После тоа му висеа нозете надвор од транспортерот и детето не се чувствуваше воопшто добро...После тоа си доби седиште во кое се вози...
Прескапа инвестиција за толку мал временски период...Сепак ние сме македонија, а 500 евра за керикот, транспортер и количка и покрај тоа шти ги дадов сметам дека се премногу пари...

Него друго ми беше муабетот..Дали секогаш некој друг треба да направи некаква кампања, па ние како ретардирани да направиме некоја благоретардирана копија на нивното дело или пак ние се водиме по онаа парола дека паметните крадат и користат?

А еве една емисија која се спроведува во Србија за сообраќајната култура и образование на малите дечиња:

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=J42KR2vBZ9Y
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #57 на: 29 Октомври 2012, 15:51:46 pm »
И кај нас не дозволуваат да го извадиш детето од болница ако немаш соодветна корпа или керикот, може да носиш и транспортер, со тоа што не е препорачливо бебе од 5 дена да го ставиш во транспортер...Прво заради анатомијата на транспортерот колку и да е декларирано за 0+ месеци, а второ и заради препораките на докторите кои изрично забрануваат детето да се става во транспортерот се до нвршување на најмалку 2 месеца од својот живот...

Некое четиво за ова?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #58 на: 29 Октомври 2012, 17:51:43 pm »
Не ти треба четиво...Педијатарот ке ти каже.
Јас моето го возев во керикот, или корпа. После 3-тиот месец почнав да го ставам во транспортер. Инаку не е пожелно да се вози и повеќе од 2 саата во транспортерот...
Имаш еден куп четива ако ти се читаат...Одкуцај на гугл и ке ти излезат...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #59 на: 30 Октомври 2012, 09:54:02 am »
Нешто си помешал. Прогуглав и не сретнав ниту еден сајт каде транспортерот не се препорачува. Како алтернатива на carrycot сегде се среќава moses basket, т.е. плетена кошница за бебе, а не транспортерот. Тоа се две различни работи за различна намена.
Исто така и при контактите со неколку педијатри, ниту еден не кажал или сугерирал дека не е добро за бебето да се транспортира во транспортер. Напротив, препорака е да се користи, без да се додаваат пешкири и пелени за да се пополни дупката под газот на бебето (како што некои баби прават), а точно е дека е препорачано бебето да престојува до 2 часа во него. Сосема доволно за низ МК.
Carrycot, како што самото име ти кажува, е преносливо креветче или лулка, која можеш да ја користиш инцидентно и за транспорт. Бебињата до ~6 месечна возраст не можат самостојно да ја држат главата цврста и исправена. Токму затоа најбезбеден е транспортерот поставен обратно од правецот на движење на колата, за да при при нагло кочење или судар инерцијата не му ја сврти главата, т.е. да не му летне главата на бебето нанапред (на таа возраст главата е ~30% од тежината на бебето). Таква заштита кај керикот нема, т.е. при нагло кочење или судар од инерцијата главата на бебето нагло ќе се сврти/ летне нанапред, при што може да настанат повреди на главата, вратот итн.
Транспортерот е најбезбеден за бебиња до ~6 месечна возраст, т.е. се` додека не можат самостојно цврсто да ја држат/ контролираат главата.
Не е во ред да се даваат препораки за безбедност на деца за кои нема издржано мислење и препорака од релеватни извори.
« Последно менување: 30 Октомври 2012, 10:22:04 am Z128 »