SaleSk,
Ако спиеме на увцето дека је&и га таква ни је средината, и не мрднме со прст да почнеме да се култивизираме, тогаш ни нашите деца нема да се култивизираат. Секако, добрите ( и реални ) казни го помагаат култивизирањето.
Сепак мислам дека е подобро да се почне, отколку да се остави на стихијата, макар и почекал на ред пола саат. За мене нема поубаво чувство, кога ке завршам бирократска работа а не му се јавам на пријателот-џокер.
Застани на ред во болница, чекај пола саат и пауза...А 5 души пред тебе влегле преку ред и си завршиле работа...Ти пак чекај...После пауза пак ке чекаш, а уште 5 ке влезат пред тебе...
Ти доаѓаш на ред и ти викаат смена....
Можеш да се култивизираш до вечер...Односно до наредниот ден се додека повторно не ти се случи истото...
Ако можеш секојдневно култно да се однесуваш во племенска заедница, ондак ке бидеш прогласен за психијатриски случај, пошто ти ке бидеш единствениоти различен од околината.
А еднаш да свикаш кај влагаш бе преку ред, ние овци ли сме што чекаме, и тн итн да не ги спомнувам КУЛТНИТЕ зборови кои треба да се применат, можда и ке дочекаш да влезеш на преглед.
И не туку ми се прајте германци коа не сте...Треба барем еднаш коа сме на собир од сите да се направи по една слика, па да се препознаете...
Знаеме сите ние како треба и што треба. Не сме од марс паднати...
Спомна казни..Точно...
Но казни за СИТЕ!!!
А не за мене и тебе казна, а за другарму насмевка и: кај си бе брат, добар ли си?
Казната да важи за сите, а не таткоми е овој, братми е оној...
Или во Скопје да важат, а во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга итн итн да не важат...
Рибата смрди од опашката а не од главата...
Ние секоја работа однаопачки ја почнуваме па и затоа никад не сме биле, а нема ни да бидеме држава!
ФАКТ. Од увек на овие простори живеело племе, така и ке остане...
Може само фиктивно да си се лажеме и да си гаиме лажни илузии дека нешто ке се промени...
Да, западњачка маска ке ставиш, но под неа ке се крие секогаш ликот на проклето балканче, проклето македонче.