Автор Тема: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење  (Прочитано 11431 пати)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1287
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Пред 7 или 8 години во Чешка настана кампања за совесно однесување зад воланот. Можеби е добра истата да се купи/добие од нив и да се направи истата кај нас.

Особено ме ужаснуваат родители на дечиња кои во своите скапи коли немаат или не употребуваат детски седишта, особено потклекнувајќи на тоа дека детето не сакало да седи и плачело, а навиката не е стекната уште од породилиште.

Кампањата не служи никого да плаши ниту да згрозува, само реално ги прикажува состојбите коа е веќе касно.

Погледнете го видеата


И остататите сугестии на ЈуПтјуП

 

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #1 на: 13 Октомври 2012, 13:29:40 pm »
Ти ја сваќам поентата ама овие клипови ги гледам по втор пат на форумов и по втор пат ми се еба денот!

Не можам да гледам деца во вакви ситуации па нека е и реклама...и не ве разбирам како можете да ги ставате овие клипови?

Извини немам намера да те напаѓам но едноставно прејако е ова, за мене бар!
« Последно менување: 13 Октомври 2012, 13:41:54 pm Sportex »

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #2 на: 13 Октомври 2012, 13:37:15 pm »
Овие клипови првпат ги гледав во школо на презентација за безбедност во сообраќајот...

@Sportex

Језиво е но мора да допре до одредена група на луѓе...

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #3 на: 13 Октомври 2012, 13:42:02 pm »
Имате ли деца?

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #4 на: 13 Октомври 2012, 13:50:46 pm »
Овие клипови првпат ги гледав во школо на презентација за безбедност во сообраќајот...

И нас ни ги пуштија да ги гледаме....

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #5 на: 13 Октомври 2012, 14:55:31 pm »
Језиво е но мора да допре до одредена група на луѓе...

+1 особено оние кои покажуваат огромна нервоза во сообраќајот

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #6 на: 13 Октомври 2012, 15:23:41 pm »
За оние кој се нервозни после напорен работен ден препорачувам да застанете до првата продавница да си земете едно ладно лименче пиво лагано да си го пиуцкате возејќи накај дома и ви гарантирам дека ќе бидете најрелаксиран возач у Скопје. Али да не се претера ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #7 на: 13 Октомври 2012, 15:29:55 pm »
Ова е едно од најдобрите видеа што сум ги видел. Сум го ставил, ама еве сега во права тема.



Посебно ми се допаѓа осврнувањето на другите во колата. Конкретно кога прв пат земав кола да одам во Охрид ми рекоа:„Пази - не си сам во кола.“ Што има мнооооооогу длабоко значење ако размислиш малку, што сакале да кажат.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6101
  • 69
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #8 на: 13 Октомври 2012, 18:02:49 pm »
Имате ли деца?

Се додека немаат, мислам дека нема да допрат до нив.
Одвратни се видеава, но тоа е вистина...
Дури и да ти се сповраќа!!!

Искрено, колку и да се пуштаат вакви видеа кај нас, свеста на луѓето не е на тоа ниво за да ги перцепира...Едноставно мислам дека ке се подсејуваат и дека ке имитираат дел од видеата намерно...
А инаку одлична е идејата за една ваква кампања!!!
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #9 на: 13 Октомври 2012, 18:09:16 pm »
Треба на одредено време да се вртат видеава на тв.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16697
  • Keep it 100
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #10 на: 13 Октомври 2012, 18:15:13 pm »
Колку и да се одвратни видеава треба да бидат прикажани пред поширока маса, за да се свестат за последиците од непочитувањето на сообраќајните правила.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #11 на: 14 Октомври 2012, 00:51:57 am »
Абе кои безвезни работи се Злоупотребуваат.Кликнувам на првиот клип,бебето го фрла од раце.Ало.......абе достате со тие детски седишта,доста со тие безбедносни моменти,прашања и ср**а.
Пред 10-20-30 години,не ни постоеле тие детски седишта,не ни постоеле сигурносни појаси на задни седишта во возилата,а и да ги имало никој не ги носел,па не изгина младината.Која бедотија.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #12 на: 14 Октомври 2012, 01:23:22 am »
Абе кои безвезни работи се Злоупотребуваат.Кликнувам на првиот клип,бебето го фрла од раце.Ало.......абе достате со тие детски седишта,доста со тие безбедносни моменти,прашања и ср**а.
Пред 10-20-30 години,не ни постоеле тие детски седишта,не ни постоеле сигурносни појаси на задни седишта во возилата,а и да ги имало никој не ги носел,па не изгина младината.Која бедотија.

А ние живееме денес. Се менуваат условите за игра, а со тоа и потребата за што е можно поголема заштита на своите дечиња.
Пред тие години, ретки беа колите со над 100 кс, ретки беа џиповите управувани од млади и неискусни шофери, ретка беше можноста за настанување на сообраќајка која има последица како денешниве.
Лично сметам дека кога ке имам дечиња, такво седиште е must have.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8519
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #13 на: 14 Октомври 2012, 01:25:03 am »
И башка толку лесно не се зимало возачка...

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1287
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #14 на: 14 Октомври 2012, 08:26:25 am »
За жал кај нас сообраќајот сеуште се сведува на нивото на културата, па така, каков народ, таков и сообраќај. Поставеноста на казните кај нас е обратна ( никогаш не ни била различна ). Кај нас не се казнува за лудории со кола, се казнува ако на дозволено 120 возиш 140. Не се казнува за зборење на телефон иако тоа на голема врата се збореше како казна. Не се казнува ако 6 месеци возиш со дупнат ауспух и го реметиш цело маало... Појас/ремен/ каиш.... кога некого казниле? Дете вон детско седиште? Море дали има закон за детско седиште ?
Јас сум видел во живо како при судар дете излегува од бочно стакло на еден голф, каде мајка му го држела..???? бидејќи не сакало да седи...??? Тука е културата на родителот, учи го од породилиште само да се вози, нема никад проблем да имаш...
Кај нас се кинат казни, секој има џокер.  Па ондак овие од МеВеРето, спроведувале кампања за казнување несовесни возачи. Каква кампања бре, со кампања се прави ајвар. Спроведување на законот мора да е 24 саата.

И пошто се е осавено на културата и совеста, а тоа кај нас мањка, ке имаме сообраќај ко што го имаме, казните ја сменија улогата....

ПС. Ги контактирав чесиве во надеж дека ке ми пратат оргинали од видеава ( истите видеа се вртат во Англија ) па ако ги добијам, свечено ке ги доставам на нашиве тука.