Автор Тема: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?  (Прочитано 8628 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Една дебата и на оваа тема:
Што преферирате, и дали тоа што моментално го возите се совпаѓа со тоа што сакате да го возите?
Според вас кои се бенефитите на тврдо подвозје, кои на меко? Зошто?

Моја гледна точка на оваа тема:
Тврдо подвозје на секоја кола од класа на компакт па надоле. Меѓуосовинското растојание е премногу кратко за колата да има „природна“ комоција, и не гледам поента зошто би се ставале помеки спирали и амортизери за да се предизвика вештачка комоција.

Дополнителни прашања:
Дали, доколку вашето возило не ги задоволува вашите критериуми за удобност, би инвестирале во помеки/потврди амортизери или спирали?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #1 на: 11 Октомври 2012, 01:37:45 am »
тоа што го возам моментално тврда и уште потврди би ставил,комоција здравје на 40тина години во мерцедес ќе барам

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17451
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #2 на: 11 Октомври 2012, 01:46:49 am »
Ја сум више навикнат. И уште би ја спуштил и би ставил потврди амортизери. Ако е веќе тврда, барем нека „спие“ по кривини.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #3 на: 11 Октомври 2012, 01:49:18 am »
Суспензијата која ја има Алфата е доста тврда и е измислена за отворен пат и повисоки брзини, за низ град спас е само цик цак ;D 

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #4 на: 11 Октомври 2012, 02:10:33 am »
Kompromis pomegu sportska i udobna

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #5 на: 11 Октомври 2012, 02:10:58 am »
Би сакал променлива.

Всушност сакам променлива. Највеќе ми е за изглед, а и чат пат за вожња пониски. Ама реално треба џипче за офроуд а не кола. Така да што пониско. Тврдината не е битна.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6796
  • French diamond
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #6 на: 11 Октомври 2012, 02:29:24 am »
Јас сакам мекаа суспензија, сакам ко ќе поминвам преку дупки и нерамнини ништо да не осетам И ништо да не слушнам  :D И да еднаш вложив во нови амортизери, само заради тоа што старите ми беа тврди, а исправни беа. И пак не сум нај нај задоволен.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #7 на: 11 Октомври 2012, 02:33:55 am »
Требаше и гласање да се стави ;)

тоа што го возам моментално тврда и уште потврди би ставил,комоција здравје на 40тина години во мерцедес ќе барам

+1

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #8 на: 11 Октомври 2012, 02:52:36 am »
Ни премногу мека, ни премногу тврда, златна средина  :D Кај мене на опелот има претерано мека суспензија, одиш напред кај крилата, стискаш појако и го клекнуваш до земја предниот дел  ;D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #9 на: 11 Октомври 2012, 08:37:27 am »
Зависи до моторот кој го носи колата за која станува збор и класата.

Да ставам мека суспензија на голфот е еднакво на самоубиство.
Од друга страна пак, мека суспензија на Астрата е лек, со оглед на тоа дека не можеш да беснееш и реално, бираш комфорт пред стабилност.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #10 на: 11 Октомври 2012, 09:07:03 am »
Како што рече Deni - променлива суспензија.. Само секако не се согласувам со тоа да биде ниска без разлика на цврстината. Цврстината помага за помал бодирол.
Со потврдата суспензија се менува и пренесениот звук од надвор, внатре во кабината, колата станува малку побучна. Поминувањето преку дупки преминува од „ТУП!“ во „БААМ!“
Со поцврста суспензија се менува и риспонсот на шасијата, не е веќе „млитава“ кога ќе завртиш нагло лево/десно со воланот. Нема вееќе кревање/спуштање на предниот дел кога тргнуваш/застануваш.

Мала кола може да биде удобна за возење, ако сакаш да биде таква, не мора да биде цврста и напорна. Пример, новото поло. Удобно е, и дири и малку повеќе по кривини да го „напнеш“ нема да попушти лесно - добро држи.

Некои гајдлајни за амортизација што јас сум ги искусил до сега: Ако ставаш апрејтид (пониски) спирали, стави и апрејтид амортизери.
Ако смениш само спирали, ќе добиеш грубо поминување на дупки и нерамнини, а кога ќе имаш депресии  и ипакнувања на патот колата ќе ти скока и плива. нема да биде многу пријатно. Ботиролот ќе се намали, но рибаундот (повратната сила од набивањето) од тврдите спирали нама да биде пригушен од стандардните амортизери.
Ако ставиш апрејтед амортизери на стандардните спирали е подбора варијанта, ама спеак ќе имаш бодирол по кривини и ќе се навалува ко и` претходно, пред да си сменил амортизери. Сепак, ќе се осети подобрување во квалитетот на возењето (за разлика од промена само на спирали, каде генерално го нарушуваш квалитетот на возењето.)


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #11 на: 11 Октомври 2012, 09:16:28 am »
KW 20070012.  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #12 на: 11 Октомври 2012, 09:19:47 am »
Eibach + Koni Adjustable :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #13 на: 11 Октомври 2012, 09:38:23 am »
Jas bi sakal adaptibilna suspenzija. Pri brzini do 60km/h sakam meka amortizacija. Od 60-80km/h sakam sredna amortizacija za kruzanje po magistralni patista. Nad 80km/h sakam spustena no sepak sredno tvrda amortizacija.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Мека VS. тврда суспензија - кој е вашиот избор?
« Одговори #14 на: 11 Октомври 2012, 10:35:52 am »


Се е кажано.